Ново истражување за влијанието на намалувањето на насилството врз сексуалните работнички врз ХИВ епидемијата

Ново истражување за влијанието на намалувањето на насилството врз сексуалните работнички врз ХИВ епидемијата

Новата студија со наслов „Проценка на влијанието на намалувањето на насилството врз сексуалните работнички врз ХИВ епидемијата во Кенија и Украина: Вежба во моделирање на политики“ ги открива можните падови на бројот на ХИВ инфекциите помеѓу сексуалните работнички доколку се намали насилството врз нив. Како што се вели во студијата, постои растечки број на докази кои ја потврдуваат поврзаноста на насилството врз сексуалните работнички со ризикот од инфицирање со ХИВ, но се уште постојат ограничен број на информации за големината на ова влијание.

 

Студијата која се фокусира на Кенија и Украина, започнува да го пополнува овој недостаток од информации, покажувајќи дека било забелелажано намалување од 25 проценти на случаите на нови ХИВ инфекци помеѓу сексуалните работнички во случај кога физичкото и сексуалното насилство било намалено. Слични падови биле забележани при проширувањето на достапноста на антиретрвирусната терапија со што се избегнале просечно 18 200 нови ХИВ инфекции помеѓу сексуалните работнички во Кенија и 4400 во Украна. Новите инфекции, исто така, биле избегнати и помеѓу општата популација.

 

Истражувачите заклучуваат дека намалувањето на насилството врз сексуалните работнички се покажува како влијателно во намалувањето на новите инфекции помеѓу нив и општата возрасна популација и во генерализираните и во концентрираните епидемии.

 

Истражувањето можете да го преземете овде.