Поранешен фудбалер стана геј порно ѕвезда

Поранешен фудбалер стана геј порно ѕвезда

Поранешен белгиски професионален фудбалер стана геј порно актер. Јонатан де Фалко, кој е поранешен играч на Racing Mechelen и Oud-Heverlee Leuven, вели дека секогаш бил привлекуван од страна на мажи, но неговата сексуалност никогаш не ја соопштувал јавно.

 

Сега во неговата нова професија тој го користи името Стани Фалконе и веќе се има појавено во неколку филма.

 

Де Фалко, кој вели дека порано имал девојки, сега веќе седум недели е во врска со маж. Професионалниот фудбал го напушти поради повреда.

 

За Анверпен Газете, тој изјави: „Фудбалскиот свет не е подготвен за геј играчи. Постојат голем број на предрасуди и ниско ниво на толеранција.

 

Откако наполнив дваесет години, постојано се движам во геј кругови, но кога играв фудбал никој тоа не го приметуваше. Доколку тие знаеја за мојата сексуална ориентација, со сигурност ќе имаше сериозни проблеми“

 

Извор: Пинк Њуз