ЛГБТ ЈУНАЈТЕД го осуди говорот на г.г. Стефан

ЛГБТ ЈУНАЈТЕД го осуди говорот на г.г. Стефан

Здружениeто на лезбејки, геј, бисексуалци и трансродни лица „ЛГБТ ЈУНАЈТЕД”, строго реагираат по вчерашниот говор на г.г. Стефан за време на божиќната служба во Соборниот храм, каде во дискркиминаторски тон, тој изјави дека за црквата и за државата единствената прифатлива и природна семејна заедница е конзервативната помеѓу два различни пола.

 
– Ние силно веруваме дека со истородовите заедници, се проширува и оплеменува институцијата брак и семејство, а не се обесчестува како што порача г.г. Стефан. Ерозијата на моралот воопшто не е резултат на воведување на истородовите заедници, туку на недостигот на почит на вредностите како искреноста, верноста, чесноста, одговорноста и солидарноста – велат од Здружението.

 

Со изјавата, г.г. Стефан ги дискриминира припадниците на нехетеросексуалната популација во Македонија, проповедајќи осуда и забрана на нивното право да ги озаконат нивните односи засновани на љубов, грижа, разбирање и поддршка, идентични како оние кај хетеросексуалните лица, велат од „ЛГБТ ЈУНАЈТЕД”.

 

Преземано од http://www.plusinfo.mk/