Дали проституцијата е штетна? Не, вели Журналот за медицинска етика

Дали проституцијата е штетна? Не, вели Журналот за медицинска етика

Проситуцијата не се наоѓа на високо скалило на листата на жешките теми во биоетиката. Краткото пребарување на ETHXWeb датабазата за биоетика на Универзитетот Џорџтаун ни прикажа десепати повеќе резултати за сурогатство отколку за проституцијата, иако би можело да се тврди дека овие теми се поврзани. Меѓутоа, биоетиката претставува поле кое постојано се шири како што покажува еден од последните текстови објавени онлајн во Журналот на медицинска етика кој постојано ги разбива табуата. Овој текст е објавен под провокативниот наслов „Дали протитуцијата е шететна?“.

 

Неизнедавувачки, норвешкиот академик Оле Мартин Моен вели „Не“. „Се поголем број на луѓе веруваат дека сексуалните средби не мора да бидат длабоко лични и емотивни за да бидат прифатливи – ние веруваме во прифатливоста на необрзувачкиот секс. Во овој текст јас тврдам дека необврзувачкиот секс е прифатлив и, во тој случај, ние имаме малку и воопшто немаме причини да ја отфрлиме проституцијата“.

 

Д-рот Моен побива или се обидува да побие девет приговори против легализирање на проституцијата, од опасноста и експлотацијата до продавањето на телото и продавањето на душата. Но, од биоетичка перспектива веројатно најинтересни се неговите препоставки.

 

Најпрво, сексот е, или најчето е, необврзувачки и без значајност. Доколку тој нема никава вредност, аргументите против продавањето на секс повеќе не се одржливи.

 

Второ, утилитарното сметање е најдобар начин да се детерминира етиката на проституцијата. На пример, тој споменува дека „еден од бенефитите на проституцијата овозможува на младите луѓе, за кои постои најголема можност да бидат сиромашни, да заработат значаен приход без образование и без инвестиции, и во исто време да имаат слободно време да исполнуваат други цели.

 

Трето, современите ставови спрема хомосексуалноста се доволни преседани за оценување на моралната вредност на проституцијата. Во дваесетите и триесетите години на дваесетиот век се сметало дека хомосексуалноста предизвикува психолошки проблеми. Но, знаеме дека ова се должело на социјалната стигма. Хомосексуалноста, исто така, се поврзувала со болест, користење на дроги и насилство. Но, знаеме дека ова се должело на социјалната и правната подјарменост. Слично, Д-рот Моен предложува дека ако ја дестигматизираме и ослободиме проституцијата, овие проблеми ќе исчезнат и помеѓу сексуалните работници.

 

Д-рот Моен заклучува „треба да и пристапиме на проституцијата слично како на хомосексуалноста и да бидеме отворени за можноста дека на сексуалните работници им се нашетува не поради тоа што протитуцијата е шететна, туку поради тоа што денешносто општетство серзиозно ги третира на лош начин.