Њујорк ги легализира истoполовите бракови

Њујорк ги легализира истoполовите бракови

Законот за истополови бракови, чија судбина беше неизвесна се до самиот чин на гласањето, беше усвоен со триесет и три гласа „за“ и дваесет и девет „против“ во преполната сала на сенатот на сојузната држава.

Четири членови на републиканското мнозинство во сенатот му се приклучија на скоро целосниот состав на демократите на седницата за поддршка на законот, по интензивна и емотивна кампања на законодавците кои се борат против леглислативата која вршеше раздор помеѓу нивните пријатели, граѓаните, а понекогаш и во нивните домови.

Сенаторот Марк Џ. Грисанти, републиканец од Бафало, кој ветуваше дека нема да даде подршка за законот за легализирање на истополовите бракови, на своите колеги им соопшти дека со месеци се двоумел пред да сфати дека не бил во право.

Гувернерот Ендрју Куомо М. го потпиша законот пет минути пред полноќ, а законот ќе стапи на сила за 30 дена, што значи дека двојките од ист пол би можело да се венчаат во Њујорк по крајот на јули.

Усвојувањето на ваков тип на закон помина со низа неуспеси во другите сојузни држави во САД, во кои

гласачите не дозволија легализирање на истополови бракови.

Само пет држави во САД во моментов легално дозволуваат истполов брак: Конектикат, Ајова, Масачусетс, Њу Хемпшир и Вермонт, како и Дистриктот Колумбија.