17-ти декември – Меѓународен ден против насилство врз сексуалните работници

17-ти декември – Меѓународен ден против насилство врз сексуалните работници

Меѓународен ден против насилство врз сексуалните работници се слави секоја година на 17 декември од страна на сексуалните работници, нивните поддржувачи, пријатели, организации.

 

Иницијативата за прославување на овој ден кој за првпат бил обележан во 2003 година произлегла од Др. Ени Спринкл, и американската организација за заштита на правата на сексуалните работници (SWOP-USA Sex Workers Outreach Project). Откако бил фатен убиецот на сексуалните работници, потребата за ваков настан од страна на Ени Спринкл била со цел да се крене гласот на сескуалните работници. Нејзината изјава била: “Имав потреба да се потсетиме сите ние, на моите сестри-курви кои умреле толку ужасно и непотребно“

 

Овој настан е првично замислен како спомен и бдеење за жртвите од Грин Ривер, убиецот од Сиетл, Вашингтон, меѓутоа се развил во годишен меѓународен настан против насилтвото врз сексуалните работници од целиот свет. На овој ден организации предводени од сексуални работници, нивни здруженија и сојузници бараат да се подигне свеста за насилството што најчесто се извршува врз сексуалните работници.

 

Нападот, силувањата и убиствата на сексуалните работници мора да прекине. Стигмата и дискриминацијата произлегува од законите со кои се забранува на сексуалната работа и кои го прават насилството врз нив дозволено.Затоа на овој ден се повикуваат сите сексуални работници и нивни поддржувачи низ целиот свет да се приклучат на овој настан за спротиставување на криминализацијата и насилството врз нашите заедници.