Во Чиле казнет мотел поради дискриминација на лезбејски пар

Во Чиле казнет мотел поради дискриминација на лезбејски пар

Во првиот случај опфатен според новиот закон за антидискриминација, чилеански судија го казни мотелот кој одбил да услужи истополов пар и му нареди во иднина да не постапува на ист начин.

 

Мотелот беше казнет со четири илјади долари кои треба да ги плати како оштета на лезбејскиот пар и му беше наредено никогаш повеќе да не забранува изнајмување на соба врз основа на сексуална ориентација, пренесе Асошиејтед прес.

 

Водечката чилеанска група за еднакви права, Мовилх, ја поздрави одлуката на судот. Оваа група го тужеше мотелот по донесувањето на новиот закон за антидискриминација кој беше усвоен минатиот јули.

 

На 12-ти јули чилеанскиот претседател Себастиан Пинера го потпиша новиот закон. Оваа одлука

беше донесена по убиството Даниел Замудио од страна на неонацисти кое се случи минатиот март.

 

Убиството на Замудио го шокираше Чиле и предизвика национална дебата во врска со насилствата предизвикани од омраза. Тој беше пронајден во градски парк со сериозни повреди на главата, изгореници од цигари и изгребаници во форма на свастики на неговата кожа.

 

Минатиот март, геј судија доби судски случај против чилеанските судови кои му ги одземале неговите три ќерки во 2004-та, верувајќи дека неговата сексуалност би го „загрозила“ нивниот развој.

 

Правните процедури за легализирање на геј бракот во Чиле се веќе започнати. Три чилеански парови веќе водат правна битка за отстранување на забраната за истополови бракови.