Промоција на првиот број на S-WORK

Промоција на првиот број на S-WORK


Граѓанската иницијатива за промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР на 5-ти декември во 19:00 часот во клубот ГЕМ (Менада) во Старата Скопска Чаршија ќе одржи промоција на првиот (онлајн) магазин кој ги опфаќа случувањата од сексуалната индустрија во Македонија. S-WORK се јавува како прв месечен електронски магазин на македонската читателска сцена, авторизиран од сексуалните работници во Македонија, а во уредништво и издаваштво на СТАР-СТАР.
 

Преку животот и искуствата во сексуалната работа на авторите надвор од земјава, S-WORK Ви ги пренесува трендовите и развојот на сексуалната работа ширум светот. Понатаму, S-WORK се јавува како помошна алатка креирана од сексуалните работници која можат да ја користат сите веб портали, блогери, новинари, медиуми и поединци, кои понатаму сакаат аргументирано да информираат и дебатираат за сексуалната работа.

 

Авторите на S-WORK го задржуваат правото низ свои лични приказни да го заштитат идентитетот на оние кои ги користеле или ги користат нивните сексуални услуги со цел да ја акцентираат високата лојалност, дискретност и професионалност на сексуалните сцени на кои работат, СТАР-СТАР со својот издавачки сектор ги поддржа сексуалните работници во својата идеја, верувајќи дека ќе направат информативен и едукативен производ подеднакво професионален како и во областа во која делуваат.

 
На промотивниот настан ќе бидат доделени благодарници на институции, фондации, организации, актери и поединци, во знак на благодарност за поддршка во подигањето на јавната свест за постоењето и прифаќањето на сексуалната работа како професија, преку творештва, јавни настапи и застапувања, како и за поттикнување на сексуалните работници да делуваат во граѓанското општество. СТАР номинираше, сексуалните работници го направија изборот!

 

Презентер на промоцијата ќе биде Хелена Роза. Промоцијата ќе започне во 19:00 часот. Во 19:30 часот е предвидено доделување на благодарници, а од 20:00 часот коктел.

 

Магазинот во ПДФ формат може да го преземете од следниве линкови:

S-WORK@scribd

S-WORK@pdf-archive