За првпат назначена лезбејка за полициски шеф во САД

За првпат назначена лезбејка за полициски шеф во САД

Градот Минеаполис во САД избра лезбејка за нов полициски шеф. Жане Хартеу, која работи во полицијата веќе дваесет и пет години, минатиот петок доби едногласна подршка од градскиот совет. Градоначалникот Р. Т. Рајбак ја пофали Хартеу за нејзината „одлучност да се нафати со она што се смета за најтешка работа во градот“.

 

Според Ерик Ропер од Минеаполис Стар Трибјун, градоначалникот, исто така, ја спомнал жалбата на Хартеу поднесена во Одделот за човекови права во 1996-та: „Мислам дека е важно да се спомне дека сега ќе имаме шеф кој досега имал приговори за тоа како жените се третирани во рамките на службата. Мислам тека тоа е важна вредност, затоа што ни е потребен полицаец кој може да забележи кога работите не се движат како што треба“.

 

Ропер пишува дека Хартеу му се обратила на градскиот совет со зборовите: „Нема да ве разочарам“ и била потресена и збунета кога зборувала за убиството на полицаецот Том Декер кое се случило само една вечер порано. „Денеска е добар ден, но исто така и тежок ден, бидејќи загубивме еден од нашите“ – рекла таа.

 

Хартеу рекла дека фактот што таа е првата лезбејка која станала полициски шеф не е толку значаен за неа, колку што тоа би можело да биде за другите и додаде: „Луѓето гледаат дека можете да постигнете некои нешта и покрај тоа што имате пречки на вашиот пат“.