CALIFORNIA MAY ADD GAY HISTORY TO TEXTBOOKS

CALIFORNIA MAY ADD GAY HISTORY TO TEXTBOOKS

Постои голема можност наставниците во Калифорнија да почнат да предаваат геј историја, откако минатата недела беше донесен закон во Државниот Сенат со кој се предвидува да се додадат ЛГБТ луѓето во листата на социјални и етнички групи кои мора да бидат вклучени во лекциите по општествеи науки, објави “Њујорк тајмс “.

Иако во училиштата постои одредена флексибилност во она што тие избираат да предаваат, во наставните материјали кои ќе се користат од страна на училишните окрузи во Калифорнија најдоцна до 2014-та ќе бидат додадени информации за придонесите од страна на ЛГБТ заедницата во Калифорнија и во САД.

На пример, наставниците може предаваат лекции за политичари како Харви Милк, првиот отворено деклариран геј кој стана функционер во Сан Франциско.

Поддржувачите на законот велат дека со овие промени ќе се помогне во ставањето крај на малтретирањето на учениците заради нивната сексуална ориентација со намалување на негативните стереотипи кои некои ученици се уште ги имаат .

Сепак, законот претрпе голема доза на критицизам од страна на опозицијата. Оние кои се против законот тврдат деказа ова прашање одлуката треба да ја направат родителите, а не државата.

Одделни цркви и конзервативните групи, исто така, се скептични на начинот на кој училиштата ќе успеат да ги усогласат лекциите за придонесите на ЛГБТ заедницата од една страна, и учењата за религиите кои не се согласуваат со хомосексуалноста од друга страна.