Потпишете ја петицијата против бруталниот анти-геј закон во Уганда

Потпишете ја петицијата против бруталниот анти-геј закон во Уганда

Парламентот на Уганда е подготвен да го усвои бруталниот закон со кој хомосексуалноста ќе се казнува со смртна казна. Доколку законот се усвои, илјадници граѓани на Уганда ќе се соочат со егезекуција само поради тоа што се геј.

 

Претходно успеавме да го сопреме усвојувањето на овој закони. Можеме повторно да го сториме тоа. По масовиот одзив минатата години, претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, го блокираше усвојувањето на законот. Во време на политичка криза во земјата, верските екстремисти се надеват дека конфузијата и насилството на улиците ќе го оттргне вниманието на меѓународната заедница од вториот обид да се усвои овој брутален закон. Ќе им покажеме дека целиот свет гледа што се случува.

 

Немаме време за губење. Да собереме милион гласови против усвојувањето на овој закон во Уганда во следните дваесет и четири часа. Петицијата ќе биде испратена до челниците во Уганда и клучните земји.

 

Потпишете ја петицијата овде http://www.avaaz.org/en/uganda_stop_gay_death_law/?bfwSGcb&v=19438