Водителка на Фокс Њуз суспендирана поради постирање на хомофобичен коментар

Водителка на Фокс Њуз суспендирана поради постирање на хомофобичен коментар

По постирањето на хомофобичен коментар кој беше жестоко критикуван, водителка на Фокс Њуз беше суспендирана и мораше да се извини пред јавноста.

 

Во текот на изминатата недела, Триша Меки, водителка на вести на Фокс19 во Синсенати, Охајо, постираше коментар на нејзиниот Фејсбук профил во кој својата геј колешка Рејчел Медоу од Ем-Ес-Ен-Би-Си ја нарече „гневен млад маж“.

 

Менаџментот на Фокс19 објави соопштение, кои содржеше извинување од страна на Меки во кое се вели:„Добивме неколку загрижени реакции поради постирањето на водителката на Фокс 19, Триша Меки, на нејзината лична фејсбук страница. Одговорот на Триша се наоѓа подолу во соопштението, а тоа, исто така, е објавено и на нејзината фејсбук страница. Ние се извинуваме на секој кој се нашол навреден од нејзините коментари“.

 

Во извинувањето на Меки стои: „Неодамна постирав коментари на мојата лична фејсбук страница во врска со Рејчел Медоу кои беа бесчуствителн и несоодветни. И се извинувам на госпоѓицата Медоу и на сите кои беа навредени од моите коментари, бидејќи тие не ги рефлектираат моите цврсти убедувања во индивидуалните и еднаквите права, и тие со сигурност не ги претставуваат ставовите или позицијата на мојот вработувач Фокс 19“.

 

Пред извинувањето да биде објавено, Геј и лезбејската алијанса против клевета (GLAAD) побара Меки да биде казнета за нејзините коментари.