САД: Намален бројот на лица со хепатит Ц

САД: Намален бројот на лица со хепатит Ц

Во нова студија, финансирана од страна на државата, се вели дека денеска новите инфекции со хепатит Ц се многу поретки во САД, во споредба со почетокот на 80-тите години на минатиот век.

Според новата студија на истражувачите од Американскиот центар за контрола на болести и превенција (CDC), во средината на 80-тите години од минатиот век, седумдесет лица од еден милион Американци на секоја година добивале акутен хепатитис Ц.

Помеѓу 1994-тата и 2006-тата година, таа стапка е 90 отсто пониска: само 7 лица од еден милион на годишно ниво.

Со текот на годините, лицата кои инјектираат дрога беа сметани за придонесувачи за поголем дел од случаите на зараза, и нивниот ризик од инфекција останува важен здравствен проблем, тврдат истражувачите на CDC во Архивата на интерна медицина.

Хепатитис Ц се пренесува преку контакт со заразена крв – најчесто преку споделување на валкани игли – иако мал број на случаи се пренесени по сексуален пат или од мајка на бебе за време на породувањето.

Напорите за спречување на пренесувањето на хепатит Ц меѓу лицата кои инјектираат дрога – преку едукација и програми за размена на прибор за инјектирање се покажаа како многу ефикасни, се вели во студијата.