Неонацистички насилници ја загорзуваат безбедноста на грчката ЛГБТ заедница

Неонацистички насилници ја загорзуваат безбедноста на грчката ЛГБТ заедница

„Хомосексуалците се новите Евреи“ – велат грчките активисти за време на ескалацијата на насилства врз ЛГБТ заедницата во Атина.

 

Активистите предупредуваат дека нападите би можеле да зачестат, откако вооружени неонацисти нападна група на ЛГБТ активисти во Атина.

 

Лезбејските, геј, бисексуалните и трансродови групи во грчкиот главен град се екстремно алармирани поради зголемениот број на хомофобични инциденти во градот.

 

Мрежата за следење на инциденти на расистичко насилство соопшти дека геј луѓето се „новите Евреи во Грција“ и дека крајно десничарските групи како Златната зора го разгоруваат пламенот на омраза на ЛГБТ заедницата.

 

Минатата сабота (3-ти ноември), банда на насилници, кои тврделе дека се членови на неонацистичката партија, нападнаа група на волонтери кои делеа анти-хомофобични летоци во Карамикос/Гази, популарна област за ноќен живот во Атина.

 

Според Атина Прајд, дванеасет лица физички ги нападнале и малтретирале волонтерите, бркајќи ги по тесните улички во околината. Се верува дека барем еден од напаѓачите бил вооружен со нож.

 

„Ги повикувме сите интернационални организации и загрижени граѓани во Грција да ја осудат Златна зора и сите манифестации на хомофобија и трансфобија во Грција. Демократските слободи не смеат да пропаднат, користејќи ја економската криза како изговор“ – изјави Андреа Гилберт, портпаролката на Атина прајд.

 

Нападите следеа по играњето на контроверзната театарска престава за приказната на Исус во централна Атина.

 

На протестот минатиот месец, пратеникот на Златна зора, Илиас Панајиотарас, започна хомофобична хајка, извикувајќи слогани како „Одете си, педери“ и „Вашето време доаѓа“.