Во Бразил се одржа првиот избор на трансродови убавици

Во Бразил се одржа првиот избор на трансродови убавици

„Овој избор е клучен за нашата видливост. Ние како трансродови лица страдаме поради предрасуди и дикриминација, без разлика дали сме убави или не, богати или сиромашни“

 

На овој начин една од натпреварувачките го опиша бразлискиот избор на трансродова убавица кој се одржа на 30-ти октмоври во Рио де Женеиро. Настанот е од особено историско значење за Латинска Америка каде во последните неколку месеци трансродовите лица беа мета на насилства. Како што истакна Перез Хилтон „Натпреварувачките ги покажаа своите квалитети пред судиите, но сепак изборот имаше побитна цел отколку само некој да победи“.

 

Минатиот месец, трансродова жена, позната само како „Мадона“, почина откако била каменувана од страна на непознати азиланти во Аракаху, главниот град на Бразилската држава Сержипи, пренесе Геј Стар Њуз.

 

Оваа беше битна година за трансродовите кралици на убавината во целиот свет. Минатиот мај, Џена Талачкова влезе меѓу дванаесетте финалисти во изборот на Мис Универзум на Канада и, иако не победи, приказната за нејзината борба беше пренесена преку светските медиуми.