Се отвара првиот американски геј музеј

Се отвара првиот американски геј музеј

Денес, во познатиот округ Кастро во Сан Франциско се отвора првиот официјален геј музеј во САД.

“Се потрудивме да креираме музеј кој ќе биде богат, разновиден и изненадувачки како и самата ЛГБТ заедница”, рече Пол Бонберг, извршен директор на GLBT Historical Society.

Во рамките на постојаната поставка на музејот се наоѓаат розови очила за сонце, свирче, Левис фармерки и други предмети од Харви Милк, кој е првиот хомосексуалец избран за функционер во САД.

“ЛГБТ музејот се наоѓа во срцето на Кастро, населбата која не е посетена само од локалните жители, туку и од повеќе десетици илјади туристи кои секоја година доаѓаат во потрага по квир култура “, рече Бонберг.

“Во нашиот музеј, тие ќе откријат богатства од нашите архиви кои рефлектираат фасцинантни приказни кои опфаќаат речиси еден век на ЛГБТ живот.”

Музејот беше најавен како втор од ваков вид, по првиот кој се отвори пред една деценија во Берлин.