Орав и Шурман со поддршка на ЛГБТ заедницата

Орав и Шурман со поддршка на ЛГБТ заедницата

Преземено од Алфа

 

Да престане дискриминацијата и нетолеранцијата на луѓето со различна сексуална ориентација – вакви пораки испратија евроамбасадорот Орав и холандската амбасадорка Шурман. Тие го посетија центарот за поддршка на ЛГБТ заедницата од каде потенцираа дека Македонија како кандидат за влез во Европската Унија мора да го насочи вниманието кон проблемите со кои се соочуваат овие луѓе.

„Во последните неколку недели ја обиколив земјата презентирајќи го извештајот за напредокот. Потсетив дека има неколку важни реченици поврзани со антидискриминацијата. Поточно, врз основа на ова, не смее да има каква било дискриминација во земјава“, вели Аиво Орав, амбасадор на ЕУ во РМ.

 

„Ги охрабруваме и Владата и граѓаните на Македонија да помогнат во промоција на толеранцијата и општествено прифаќање на луѓето со различна сексуална ориентација. Според законодавството на ЕУ дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација е забрането во Европската Унија“, додаде Марија Хенриете Шурман, амбасадор на Холандија во РМ.

 

И Орав и Шурман веруваат дека центарот за поддршка ќе помогне општеството да ги прифати и да ги толерира луѓето со поинаква сексуална ориентација. Од Хелсишкиот комитет, пак, велат дека центарот полека ја постигнува целта.

 

„Луѓето почнаа да ја сфаќаат улогата и функцијата на центарот за подршка на ЛГБТ заедницата. И не случајно ја одбравме старата турска чаршија која е лулка на различни култури“, вели денеска Уранија Пировска, од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

 

Центарот кој треба да им понуди помош на маргинализираните групи граѓани веднаш по отворањето минатата недела беше демолиран од непознат сторител. Во меѓувреме, како што тврдат оттаму, немало никакви инциденти.