Во Онтарио, сексуалната работа стана легална

Во Онтарио, сексуалната работа стана легална

Врховниот суд во Онтарио утврдил дека кривичните закони кои се однесуваат на водењето на јавни куќи за потребите на проституција и заработувањето од сексуална работа биле неуставни, бидејќи на сексуалните работницi им го прекршуваат правото на безбедност.

Технички, проституцијата е легална во Канада, но многу од активностите поврзани со неа не се.

Сексуалната работничка од Ванкувер, Сузан Дејвис, денот на донесувањто на оваа одлука го нарече “неверојатен ден”, бидејќи тоа значи дека сексуалните работници нема да имаат потреба да се плашат да ја повикаат полицијата на помош.

“Тоа е начин за реално маргинализираните жени да побараат помош, без страв дека ќе бидат етикетирани како криминалци,” се согласува Кери Порт, извршен директор на организацијата Prostitution Alternatives Counselling and Education Society.

Ако некој од сексуалните работници утре биде обвинет, ќе може да се искористи на одлуката на судот во Онтарио во сопствената одбрана пред суд, но не постои гаранција дека оваа стратегија ќе биде успешна.