Утре на програмата на семинарот „Контра -јавности“, предавање на Олга Димитријевиќ

Утре на програмата на семинарот „Контра -јавности“, предавање на Олга Димитријевиќ

Програмата на семинарот „КОНТРА-ЈАВНОСТ-квир активизам, национализам и јавниот простор“ продолжува со предавањето на Олга Димитријевиќ насловено „Квир, филм и слики на нацијата – репрезентација на хомосексуалноста во постјугословенскиот филм после 2000 г.“ Предавањето ќе започне во 11 часот.

 

Предавањето ќе ги опфати најзначајните филмови со квир мотиви настанати на српскохрватското говорно подрачје од 2000-та до денес. Преку анализа на филмовите како Фини мртви девојки, Go West, Милош Бранковиќ, На убавиот син Дунав и неизбежната Парада, ќе се фокусира на тоа како филмските креатори гледаат на квир мотивите и ликови внатре наративот за нацијата и општеството. Со оглед на тоа дека филмовите не се имуни на сеприсутните предрасуди, ќе ги анализираме начините на кои низ филмските наративи се провлекуваат тезите за хомосексуалноста како нешто страно, перпетуирајќи ги традиционалните репрезентации на геј ликовите, и посебно како квир мотивите се вклопуваат во „критиката на општеството“ што најголемиот дел од овие автори ја потенцираат.

 

Олга Димитријевиќ дипломирала драматургија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Завршила алтернативен курс од областа на Женски студии во Центарот за женски студии во Белград. Пишувала театарски критики за неколку списанија. На одделот за Родови студии на Централноевропскиот Универзитет ја одбранила својата теза за „Телото на народните пејачки на српската естрада: конструкција на националните идентитети после 2000 година“. Режирала неколку претстави и сценаристка е на документарниот филм „Будење“. Од 2010 е членка на редакцијата на QT списанието и Центарот за квир студии и предавач на филмски трибини во Домот на младината. Добитничка е на неколку значајни награди од областа на драмските уметности.

 

Предавањето може да го следите во живо преку онлајн стримингот на http://www.radiomof.mk/koalicija/ и на vozivo.mk. Стримингот е во соработка со МОФ радио.