Оформено првото ЛГБТ активистичко јадро во Тетово

Оформено првото ЛГБТ активистичко јадро во Тетово

Во рамки на проектот „Граѓанска иницијатива за правата на ЛГБТ“ спроведуван од страна на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ во партнерство со Здружението ЛГБТ Јунајтед- Тетово формирано е првото активистичко јадро во Тетово.

 

Во следниот период планирани се формирања на уште две активистички јадра во Гостивар и Куманово.

 

Граѓанската иницијатива за правата на ЛГБТ има за цел да ги зајакне капацитетите за граѓански активизам за ЛГБТ права на локално ниво, да создаде широк фронт за поддршка на ЛГБТ права и да реализира јавна и медиумска кампања на локално ниво која ќе ја подигне свеста за правата на ЛГБТ меѓу локалното население, единиците на локална самоуправа и институциите на системот.

 

Оваа иницијатива, се надеваме, ќе придонесе за зголемување на видливоста на ЛГБТ лицата и за развој на ЛГБТ движењето во други градови надвор од Скопје. Проектот е овозможен со поддршка од американскиот народ.