Неуспехот на законите со кои се криминализира пренесувањето на ХИВ-от

Неуспехот на законите со кои се криминализира пренесувањето на ХИВ-от

Автор: Дејвид С. Кемп, адвокат и уредник на Јустија

 

 

Во моментов, триесет и две држави во САД имаат закони со кои се криминализира пренесувањето на ХИВ. Оние кои ги подржуваат законите и ги гонат луѓето кои ги прекршуваат, генерално се повикуваат на стравовите во рамките на јавното здравство и потребата да се спречи пренесувањето на вирус кој го тангира целото светско население.

 

Во оваа колумна, јас ќе аргументирам дека законите со кои се криминализира пренесувањето на ХИВ-от не им служат на ниту една од причините поради кои биле усвоени, туку служат само за перпетуирање на стигмата на ХИВ позитивниот статус и дискриминацијата на луѓето кои живеат со ХИВ.

 

Како подршка на оваа позиција, ќе опишам еден случај во кој казната ја порекнува секоја теорија за правда и фер однос. Во овој случај, еден маж од Ајова доби казна од дваесет и пет години затвор по еднократен заштитен сексуален однос.

 

Како што овој, a и други случаи илустрираат, криминализацијата на ХИВ-от е успешна само кај маргинализираните лица носители на ХИВ, ги одвраќа сексуално активните лица од одговорно однесување и тестирање, и, во некои случаи, ги загрозува уставните заштитни процеси.

 

 

Историјата на ХИВ криминализацијата

 

Во 1990-та, Конгресот го усвои таканаречениот Закон за здравствена нега на Рајан Вајт, со кој се утврди дека државите мораат да го криминализираат намерното пренесување на ХИВ со цел да добијат фондови за ХИВ третман и програми за превенција. Голем дел од државите усвоија такви закони, дури и го проширија нивниот опсег кон криминализирање на случаи во кои еден од партнерите не му соопштил на својот партнер дека има ХИВ позитивен статус.

 

Во 2000-та, Конгресот го реавторизира законот, но, го отстрани барањето за кримализација. Меѓутоа, државите си ги задржаа казнените закони и до денеска се уште ги спрoведуваат на дело.

 

Оригинално, законите за криминализација беа наменети за заштита на јавноста од вирус за кој, со оглед на медицинското знаење во тоа време, не се знаеше ништо повеќе од тоа дека е смртоносен. Со законот сакаше да се спречат луѓето кои се носители на ХИВ вирусот свесно да го пренесуваат на други лица.

 

Меѓутоа, следниов случај покажува овие закони имаат многу поголеми последици и моментално не ја постигнуваат нивната оригинална цел во јавното здравство.

 

 

Роудс против Ајова

 

Во Јуни 2008-та, Ник Роудс, ХИВ позитивен маж од Ајова, се сретнал со друг маж на Интернет и подоцна имал сексуален однос со него во кој користеле кондом, иако Роудс не му кажал дека е ХИВ позитивен. Во тоа време, вирусот не можел да се детектира кај Роудс – со што ризикот за пренесување, според повеќето студии, е непостоечки. Неколку дена подоцна, другиот маж бил информиран дека постои можност Роудс да има ХИВ, по што тој контактирал со полицијата. Полицијата го уапсила Роудс во септември 2008-та и го обвинила за намерно пренесување на ХИВ-вирусот на друго лице.

 

Покрај фактот што при сексуалниот однос бил користен кондом и покрај фактот што друго лице всушност не се заразило со ХИВ при контактот, адвокатот на Роудс го советувал да се изјасни како виновен по обвиненијата и тој го направил тоа. Тој добил максимална казна според законот во Ајова, а тоа е дваесет и пет години во затвор и доживотна регистрација како сексуален престапник. Неколку месеци подоцна, судот ја суспендирал затворската казна и ја заменил со условна казна во траење од пет години.

 

Во март 2010-та, Роудс поднесол петиција за ослободување од обвинението поради лошиот правен совет кој го добил од адвокатот. Во декември 2011-та, судот ја одбил петицијата и Роудс поднесол жалба до Врховиот суд во Ајова. Одговорот од Врховниот суд се уште не е добиен.

Според релевантниот закон во Ајова, едно лице извршува криминална трансмисија на ХИВ во случај кога веќе знае дека е ХИВ позитивно при интимен контакт со друго лице.

„Интимен контакт“ е правен термин кој е дефиниран на друго место во законот, но Роудс не бил информиран за правната дефиниција кога се изјаснил за виновен. Незнаењето претставува основа за негова жалба до Врховиот суд. Прекршувањето на законот за ХИВ трансмисија претставува крвично дело од Б класа. Други кривични дела од Б класа во Ајова претставуваат убиство од небрежност, киднапирање и грабеж.

 

 

ХИВ криминализацијата не ги постигнува целите на јавното здравство

 

Иако една од оригиналните цели при криминализирањето на ХИВ-от беше да се промовира јавното здравје, тоа всушност предизвика спортивен ефект. Со криминализирањето, законите создаваат одбивност за дознавањето на сопствениот ХИВ статус. Според ХИВ законите, доколку лицето не го знае својот сопствен статус, тогаш тој или таа не може да се сметаат за правно одговорни доколку го пренесат вирусот на некое друго лице. Со тоа всушност законот го наградува незнаењето.

 

Наместо да се користат казнени закони со кои се отуѓуваат луѓето кои живеат со ХИВ, државите треба да ги фокусираат своите напори на (1) овозможување луѓето да се тестираат за да го дознат својот ХИВ статус, (2) да се осигураат дека луѓето ќе го споделат својот ХИВ статус со своите сексуални партнери и (3) да ги повикаат луѓето да се однесуваат побезбедно преку јавно спонзорирани кампањи.

 

За разлика од овие конструктивни и ефикасни мерки, употребата на казнени закони во обидот да се постигат овие здравствени цели создава атмосфера на страв за трансмисијата на ХИВ. Исто така, тоа промовира неодговорност при стапувањето во небезбеден сексуален контакт со ХИВ негативниот партнер што е спротивно со јавните здравствени политики.

 

 

Казнените мерки според законите за ХИВ не одговараат со направениот прекршок

 

Еден од основните принципи на казненто право се состои во тоа што казната треба биде пропорционална со извршеното дело. Како што случајот на Роудс илустрира, криминализацијата на ХИВ-от резултира со крајно несоодветни казни. Во тој случај, неукажувањето на Роудс на својот партнер дека е ХИВ позитивен, довело до дваесет и пет годишна затворска казна и доживотна регистрација како сексуален престапник. Неговата казна е непропорционална со прекршокот во кој тој можно бил инволвиран.

 

Криминализацијата на ХИВ-от беше предвидена да го спречи намерното пренесување на вирусот на други лица, што секако претставува важна цел. Но, оваа цел може да се постигне и без закони кои особено ги таргетираат ХИВ позитивните лица. Постоечките закони, кои не се специфично поврзани со ХИВ, се доволни за да го спречат таквото однесување и преку нив да се гонат лицата кои ги прекршуваат.

 

Вообичаените закони се повеќе од доволни за да се гони некое лице поради трансмисија на опасна болест. ХИВ-от релативно тешко се пренесува, особено во сопредба со туберколозата или други високо заразни болести. Одделувањето на ХИВ-от како посебна категорија само допринесува до незнаење кое промовира стигма и на крајот води кон дискриминација во различни социјални полиња како вработување, домување, законите за родителство и други. Граѓанските закони се многу посоодветни за оштетените лица кои бараат правда поради тоа што некој им наштетил.

 

Законот треба да ги охрабрува сите луѓе (а не само оние кои се ХИВ позитивни) да практикуваат безбеден секс, но, исто така, и да ги охрабрува сите луѓе да го дознаат својот ХИВ статус и да бараат третман. Се додека не ги отповикаме законите за криминализација на пренесувањето ХИВ, ќе продолжиме да гледаме големи неправди каква што е дваесет и пет годишната казна која му е досудена на Ник Роудс.