Калифорнија усвои закон за превенција од предозирање

Калифорнија усвои закон за превенција од предозирање

Со педесет и пет гласови „за“ и дваесет и два „против“, минатата недела во Калифорнија беше усвоен закон кој е наменет за спасување на животите на жртвите од предозирање од дрога преку заштитата од гонење на основа на поседување на дрога на оние кои им помогнат да дојдат до медицинска помош. Законот веќе има поминато низ сенатот на државата, а усвојувањето се случи само неколку дена пред Интернационалниот ден за подигање на свеста за предозирањето.

 

Според податоците кои се содржани во законот, во изминативе години, секој ден во Калифорнија од предозирање од дрога или алкохол умираа околу десет корисници на дрога, а оваа бројка се зголеми за дваесет и четири проценти во периодот помеѓу 2000-та и 2006-та.

 

Предложен од страна на советникот Том Амаино, законот предвидува дека ниту лицето кое се предозирало и ниту пак лицето кое за него или неа барало итен медицински третман нема да бидат гонети за поседување на дрога или пак за употреба на дрога во случаите во кои дрогата била намената за лична употреба.

 

Ваквите закони, кои се познати како закони на „добрите самаританци“, веќе се усвоени во девет други држави во САД.

 

Во барањето усмерено кон неговите колеги да гласаат позитивно за законот, Амаино потецираше дека повеќе луѓе умираат од предозирање од дрога, отколку во сообраќајни несреќи. Според Амаино, помалку луѓе ќе умрат доколку сведоците на предозирање од дрога побараат медициска помош. Но, повеќето од нив се двоумат да го сторат тоа поради стравот дека ќе бидат уапсени за поседување на дрога. Овој аргумент допре до членовите на двете партии.