Геј заедница против Католичката црква.

Геј заедница против Католичката црква.

Членови на геј заедницата во Вашингтон, главниот град на САД, велат дека тие не се над уценување кога станува збор за докажување на својата поента против Архиепископијата на Вашингтон.

Според една статија, хомосексуалците од Вашингтон се организирале за да ги присилат геј свештениците  да излезат надвор од плакарот во знак на протест  против ставовите на католичката црква за хомосексуалните бракови.

Планот, кој беше детално објаснет на вебсајт наречен  Church Outing, ги охрабрува отворено недекларираните геј свештеници да се разоткријат себе си или да ризикуваат да бидат разоткриени.



На веб страницата се вели:

 ”Дури и повеќе срамно е што многу од овие свештениците доддека молчат, всушност водат двоен живот исполнет со љубов и сексуални односи – и хомосексуални и хетеросексуални. Ова лицемерие мора да заврши.”

  Организаторите на кампањата велат дека целта на оваа кампања е да се соберат извештаи за секој свештеник хомосексуалец во Архиепископијата, па за да може подоцна да се работи заедно во спротиставувањето на ставот на црквата за хомосексуалноста.