САД ја укинува забраната за ХИВ позитивни лица

САД ја укинува забраната за ХИВ позитивни лица

Администрацијата на Барак Обама во САД објави дека ќе го тргне ХИВ-от од листата на болести кои се пречка за влез во земјата. Одлуката почнува да важи на 1 јануари 2010.

Забраната за прв пат била воведена во 1987 година и, меѓу другото, се барало оние кои имаат аспирации да имигрираат во САД да направат ХИВ тестирање.

Во највата за оваа одлука, претседателот Обама изјави дека “ние зборуваме за намалување на стигмата на луѓето кои живеат со ХИВ, но сепак ги третираме како закана”.




Тој исто така додаде дека тоа е во спротивност со статусот на Америка како лидер во истражувањата поврзани со сидата.

Овој потег беше пофален од страна на групите како The Lesbian & Gay Foundation од  Обединетото Кралство, чии претставник Andrew Gilliver изрази надеж дека дека со укинувањето на негативнита стигма која е  поврзана со забраната за влез на ХИВ позитивни лица, ќе гсе поттикнат  и другите да се борат против ХИВ стигмата на сличен начин. “