Вакцина за кокаинска зависност?

Вакцина за кокаинска зависност?

Новата вакцина за кокаинска зависност еден ден ќе може да им помогне на луѓето кои се зависници
од кокаин, сопирајќи ја нивната употребата и допринесувајќи да ја надминат зависноста.
Експерименталната вакцина против зависност од кокаин функционира на начинот што го подига
нивото на антитела на кокаинот со кои се попречува способноста на дрогата да влијае врз
мозокот.

Истражувачите откриле дека корисниците кои биле третирани со вакцината постигнале двапати
повисоко ниво на антитела. Кај нив постои двапати поголема веројатност да се намали употребата
на кокаин. Третираните корисници имале и поголем број на негативни резултати од тестовите на
урина за разлика од оние со ниско ниво на антитела или оние пациенти кои примиле пласибо
вакцина.



Но, само околу една третина (38%) од оние кои се третираат со вакцината постигнале високо ниво
на антитела.

Истражувачите велат дека е потребно повеќе истражувања за да се зголеми процентот на корисници
кои постигне посакуваните нивоа на антитела и да се задржи потребното ниво за лекување на
зависноста од кокаин.

Околу 2 и пол милиони Американци биле зависни од кокаин во 2007-та година, но истражувачите
велат дека само околу 809.000 добиле третман.