Градоначалникот на Рејкајвик ја изрази својата подршка за Pussy Riot

Градоначалникот на Рејкајвик ја изрази својата подршка за Pussy Riot

Една недела пред конечната пресуда во судењето на руската панк група Pussy Riot, градоначалникот на Рејкјавик, Јон Гнар, ја изрази својата подршка облекувајќи розoв фустан и играјќи на музиката на бендот за време на геј прајд фестивалот во градот.

 

Музичарките од бендот Pussy Riot во моментов се наоѓаат на судење во Москва под обвинение за хулиганизам по нивниот настап минатиот февруари во руска катедрала за време на кој носеа маски и пееја песни со кој го критикуваа рускиот претседател, Владимир Путин.

 

Мадона која ги искористи своите неодамнешни настапи во Русија за да зборува против анти-геј законите во земјата, е една повеќето музички ѕвезди кои бараат осободување на Pussy Riot.

 

Градоначалникот Гнар, носејќи розов фустан и балаклава маска, играше качен на камион на кој беше поставен транспарент на кој пишуваше „Ослободете ги Pussy Riot“ додека во позадината одеше песната од бендот со наслов ‘Clear the Cobblestones’.

 

Минатата недела, исладнската музичарка и актерка, Бјорк, напиша пост на својот фејсбук профил со кој ја изрази својата подршка за Pussy Riot: „Руските власти треба да ги пуштат да си одат дома кај своите семејства и деца“.

 

На следниов линк можете да го погледета видеото со јавниот настап на градоначалникот на Рејкавик: http://www.youtube.com/watch?v=96XP_QbU580&feature=player_embedded