Објавен е новиот број на „Од нас за нас“

Објавен е новиот број на „Од нас за нас“

Здружението СТАР го објави новиот јулски број на списанието за сексуални работници направено од сексуални работници „Од нас за нас“. Во новиот број ќе можете да прочитате:

 

Што кажуваат боите за вашата сексуалност?

„Боите се огледало на сексуалноста, велат психолозите. Секако врз основа на еден елемент е невозможно да се даваат сериозни проценки, заради тоа таквите анализи служат исклучиво за забава…“

 

Секси совети – како да уживате во сексот?

„Еј, дами! Ви се случило ли некогаш следново: Вашиот партнер доаѓа дома доцна навечер и веднаш почнува да ве пали и се обидува да води љубов со вас, а вие воопшто не сте расположени? За жал, повеќето жени се плашат од оваа ситуација поради еден едноставен факт. Некои жени не уживаат во сексот како мажите“

 

Едноставно, Дита фон Тис…

„Таа е екстраваганта, исто како и нејзиниот псевдоним. Анахрона, со фризура ала Вероника, во стилот на 30-тите. Висока е 168 сантиметри, а тешка 48 килограми…“

 

Десет секс факти…

„Првично вибраторот служел за лечење на хистерија, спермата е одлична за забите и има место во светот каде жена може слободно да го убие сопругот ако го фати со друга…“

 

Шминка за топлите денови…

„Наместо пудра на големите горештини , употребувајте тонирана крема која на лицето ќе му даде уште поубав и поздрав сјај…“

 

Месечен љубовен хороскоп…

 

Преземете го јулскиот број од списанието во дигитална верзија овде.