Почина последниот познат геј Евреин кој го преживеал холокаустот

Почина последниот познат геј Евреин кој го преживеал холокаустот

Последниот познат геј Евреин кој го преживеал холокаустот почина во Берлин, само неколку дена пред да го прослави својот осумдесет и девети роденден, објави Ерусалим пост.

 

Гад Бек беше борец на ционистичкиот отпор за време на Втората светска војна и во поствоената Германија беше истакнат борец на геј правата во период во кој хомосексуалноста се уште беше нелегална.

 

За време на Нацистичкиот режим, тој е познат по тоа што носејќи униформа на Хитлеровата младина влегол во депортационен камп за да го ослободи својот љубовник, Манфред Левин. Меѓутоа, Левин, одбил да биде разделен од своето семејство со кое подоцна бил одведен и убиен во Аушвиц.

 

Неговиот живот е документиран во два филма насловени „Животот на Гад Бек“ и „Параграф 175“. Вториот филм го раскажува процесот на угнетување на хомосексуалците од страна на нацистите според озогласениот казнен закон кој овозможувал легален мандат за депортација на илјадници хомосексуалци од окупираните територии.

 

Како што нацистичките политики насочени против Евреите станувале се побрутални, Бек се придружил на ционистичкото движење на отпорот и успеал да ослободи еврејски затвореници во Берлин. Меѓутоа, при самиот крај на војната во 1945-та, еврејски шпиун назначен од Гестапо го предал и тој бил сместен во транзитен камп во Берлин за да подоцна биде ослободен од Сојузничките сили.

 

Во 1947-та тој емигирал во Израел, но се вратил во Германија во 1979-та кога бил назначен за директор на Еврејскиот образовен центар за возрасни во Берлин.