Уметник од Лос Анџелес сака да ги бојадисува зебрите во боите на виножитото

Уметник од Лос Анџелес сака да ги бојадисува зебрите во боите на виножитото

Уметник од Лос Анџелес во последен момент успеа да го презентира својот проект пред локалните власти во Западен Холивуд со кој тој планира да ги обои пешачките премини во боите на виножитото за време на геј прајдот во јуни.

 

Мартин Дувандер рече дека минатиот април за првпат му пишал на градскиот совет на Западен Холивуд за оваа идеја.

 

Минатиот вторник, тој добил ентузијастичен одговор од два советника кои рекле дека им се допаѓа идејата за бојадисување на белите пешачки премини во боите на виножитото во текот на месецот јуни.

 

Одлуката ќе биде ставена на гласање во градскиот совет на четврти јуни, со што на Дувандер му се овозможени неколку дена да покрене јавна подршка со тоа што доколку биде одобрено бојадисувањето ќе може да се спроведе во пракса при крајот на следната недела.

 

Авторот изјави: „Идејата е едноставна, пешачките премини ги гледам како празно платно кое нуди многу можности, па се одлучив да ги обојам и со тоа да го кажам својот став“.

 

Со само шест дена временска рамка да овозможи локална подршка, Дувандер рече дека ќе ги смета новите претплати на неговиот памфлет кој се наоѓа на неговиот вебсајт како потписи на петицијата која треба да ја презентира пред советот во понеделник и создаде страница за собирање на финансиски средства за неговото дело, иако порача дека парите донирани преку оваа страница нема да можат да се вратат доколку акцијата не биде одобрена од советот.

 

Тој исто така ги охрабри луѓето да дојдат на седницата на советот во библиотеката на Западен Холивуд лоцирана на булеварот Сан Винсент во 6 и пол часот во понеделник за да дадат подршка за неговиот проект.