(мк) УТВРДЕНА ДИРЕКТНА ДИСКРИМИНАЦИЈА КОН ТРАНСРОДОВ МАЖ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧ

(мк) УТВРДЕНА ДИРЕКТНА ДИСКРИМИНАЦИЈА КОН ТРАНСРОДОВ МАЖ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧ

УТВРДЕНА ДИРЕКТНА ДИСКРИМИНАЦИЈА КОН ТРАНСРОДОВ МАЖ ОД СТРАНА НА
РАБОТОДАВАЧ

По поднесена претставка од страна на Коалиција МАРГИНИ, Комисијата за спречување и
заштита од дискриминација (КСЗД) утврди директна дискриминација врз основа на родов
идентитет во областа на работните односи. Сопственик на мал бизнис не го прифатил
родовиот идентитет на трансродов маж, го искористил дисбалансот на моќ меѓу својата
позиција и позицијата на работникот, му давал на вработениот обврски надвор од работните и
во поглед на работната униформа не го третирал еднакво во споредба со другите вработени.
Откако Комисијата ги разгледа сите наводи од претставката, таа достави Барање за
изјаснување до работодавачот, по што доби наративен одговор, но не и придружни
материјални докази (како копија од работниот договор, копија од поплаките кон вработениот,
копија од писмено предупредување на работникот за неисполнување на работни оврски,
писмен доказ дека секој работник е обврзан да носи униформа и писмена преписка со која на
вработениот му се дава до знаење дека може да бира друга брендирана работна униформа),
што биле побарани.
До КСЗД не бил доставен одговор на барањето и Комисијата донесе мислење ценејќи ги
фактите и доказите кои не беа понудени и заклучи дека сопственикот на фирмата извршил
директна дискриминација со што кон работникот постапувал неволно во споредба со
останатите вработени, го отпуштил од работа без да поведе дисциплинска постапка и ја
злоупотребил својата моќ.
КСЗД препорачува сопственикот да го почитува Законот за спречување и заштита од
дискриминација и Законот за работни односи, особено членовите 6, 7, 9, 9-а и 10 и притоа да
престане со дискриминаторските практики на работното место. Комисијата препорачува
работодавецот во иднина да се воздржи од дискриминирање врз основ на родов идентитет
или која било друга карактеристика, да создаде услови за работна атмосфера без
вознемирување како и да не дискриминира во пристапот до работни места врз основа на
родов идентитет или друга карактеристика. До дискриминираниот работник, КСЗД
препорачува тој да го пријави случајот до Државниот трудов инспекторат и да си го оствари
правото на општета преку надлешен суд.