Отворено писмо до политичките партии, подносители на листите на кандидат(к)и за Локалните избори 2021

Отворено писмо до политичките партии, подносители на листите на кандидат(к)и за Локалните избори 2021

Платформата за родова еднаквост ги повикува подносителите на листите на кандидат(к)и за Локалните избори 2021 да покажат минимум демократски капацитет и да обезбедат родов баланс на изборните листи.

Во моментов имаме само 6 градоначалнички наспроти 75 градоначалници. Овој дисбаланс кој ги рефлектира изборните резултати од 2017 година, е само доследно повторување на традицијата која ги прави жените невидливи во изборите. Жените само декларативно имаат право да бидат избрани и да изберат да бидат претставени. Да потсетиме, на локалните избори во 2013 беа избрани само 4 градоначалнички наспроти 76 мажи градоначалници, а во 1996 и 2009  немаше ниту една градоначалничка.

Значајно и релевантно политичко учество значи минимум застапеност од 40% на жените и мажите во политичкиот и јавниот живот. Како предлагачи на изборните листи, политичките партии се и чувари на портите што го олеснуваат влезот и успехот на поединците во политиката.  Потсетуваме дека нема недостаток од квалификувани и искусни жени кои би можеле да преземат политички функции, туку општествени и структурни бариери за нивно вклучување; затоа тие мора да се повидливи и охрабрени да се вклучат во политичката трка.

Особено е важно да се спомене дека и во изборните програми на партиите, најголем дел од партиите ветуваа унапредување на политичкото учество на жените (вклучително и на локално ниво).[1]

Но, и покрај овие заложби, родовата нееднаквост е присутна на речиси сите нивоа на владеење, како на локално, така и  во извршната власт каде од вкупно 16 министерства, само 4 се предводени од жени.

Декларативните заложби не ја унапредуваат фактички родовата еднаквост. Само со практични чекори можеме да видиме суштински промени и подобрување на родовата еднаквост во економската, социјалната, политичката и во сите други сфери на општеството.

Ги повикуваме политичките партии да ги одржат своите ветувања и да покажат заложба за родова еднаквост во пракса преку родово-балансирани кандидатски листи на локалните избори еднаква застапеност меѓу кандидат(к)ите значи и еднакви шанси за избор и на жените и на мажите во градоначалничката трка.

Со почит,

Платформа за родова еднаквост

 

Членки на Платформа за родова еднаквост:

  1. Tiiiit! Inc.
  2. Бори се женски
  3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО
  4. Здружение женски форум
  5. Здружение за еднакви можности Семпер
  6. Здружение за локален рурален развој
  7. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска
  8. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ
  9. Здружение за едукативен развој ЕКВАЛИС
  10. Институтот за општествени и хуманистички науки
  11. Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
  12. ЛезФем
  13. Мрежа за заштита од дискриминација
  14. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство
  15. Националниот совет за родова рамноправност
  16. Организација на жени на град Скопје (ОЖС)
  17. Организација на жените на општина Свети Николе
  18. Организација на жените “Кумановка“
  19. Реактор – Истражување во акција
  20. Рурална Коалиција
  21. Стела
  22. ТАКТ
  23. Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
  24. Х.Е.Р.А.
  25. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
  26. Хуманитарно Здружение „Мајка“

Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)

[1] Реактор – Истражување во акција, 2020, Осврт на родовиот аспект во програмите и изборните листи на политичките партии за предвремените парламентарни избори 2020. Достапно на: https://reactor.org.mk/publication-all/%d0%be%d1%81%d0%b2%d1%80%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b0%d1%81%d0%bf%d0%b5%d0%ba%d1%82-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%b8%d1%82/