И родовиот идентитет е важен! – Промотивно видео на ТрансФормА и Медуза по повод 31 Март – Меѓународен ден на видливоста на трансродовите луѓе

И родовиот идентитет е важен! – Промотивно видео на ТрансФормА и Медуза по повод 31 Март – Меѓународен ден на видливоста на трансродовите луѓе

Иницијативата за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Северна Македонија – ТрансФорма и оваа година го одбележува 31 Март – Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите луѓе. Мотото на овогодишната кампања е „И родовиот идентитет е важен“ и има за цел да ја поттикне јавната свест за прифаќање на различнстите и да испрати порака дека трансродовата заедница има право на достоинствен живот и рамноправност.

Интернационално, 31 Март се бележи со цел зголемување на видливоста на трансродовите лица, кревање на јавната свест за прифаќање на оваа маргинализирана заедница и поттикнување на обезбедување на еднакви човекови, здравствени и трудови права за овие лица од страна на државата. За жал, во нашата земја оваа заедница е сѐ уште една од најмаргинализираните, така што работењето во насока на зголемување на нејзината видливост е од витално значење, бидејќи таа е првиот чекор кој води до прифаќање, сфаќање, разбирање и интегрирање на трансродовите лица во општеството.

По пресудата донесена од Европскиот судот за човекови права (ЕСЧП) во Старзбур во 2019 година, на Република Северна Македонија ÿ беше јасно, директно и недвосмислено препорачано да преземе чекори за правно признавање на родот, за трансродовите луѓе без пречки и без дискриминација да можат да ги остваруваат своите права и да имаат непречен институционален пристап до услуги. За жал, три години подоцна не можеме да забележиме никаков напредок или да посведочиме за каков било позитивен исчекор во оваа смисла.

Дополнително, за време на пандемијата, трансродовата заедница која е постојано отфрлена и длабоко поттисната на општествените маргини, е моментално најпогодена. Трансродовите лица тешко доаѓаат до вработување пред се поради јавнатастигма, тешко се доаѓа до потребни недискриминаторски здравствени услуги, тешко се оставруваат дури и најелементарните административни и граѓански права без препреки.

Иако во 2019 година започнавме традиција на организирање на Марш за видливоста по повод овој ден, оваа година, поведени од чувството за општествена одговорност за заштита на личното и јавното здравје во пандемијата, го откажавме Маршот и покрај огромната потреба за негово оддржување.

Затоа, оваа година, Ве известуваме дека му оддаваме почит на денот на еден поинаков начин и сметаме на поддршката и влијанието на јавноста и на медиумите како на наши сојузници, кои придонесуваат кон нашата видливост.

Една од активностите со кои го одбележуваме денешниот ден е видео запис, кој ТрансФормА го изработи во соработка со Феминистичката платформа – МЕДУЗА. Видеото е достапен за споделување и преземање на YouTube објавата подолу.

Споделувајте! Дури и најмалата позитивна промена во јавната перцепција за нашата заедница претставува значаен чекор напред што е суштински важно за решавање на проблемите со кои сме соочени на дневна основа.

Лице за контакт:

Лила Милиќ – Ко-основачка и Програмска координаторка, ТрансФормА
milikjlila1984@gmail.com