Јавен повик за предлог проекти за зајакнување на ЛГБТИ заедницата

Јавен повик за предлог проекти за зајакнување на ЛГБТИ заедницата

Глобалната пандемија на КОВИД-19 имаше огромен ефект врз благосостојбата на ЛГБТИ луѓето и на глобалното ЛГБТИ движење. Забраните за движење во изминатиот период, социјалната дистанца и неизвесноста донесоа уште поголема изолација чувство на осаменост и безнадежност помеѓу ЛГБТИ луѓето. Вратите на безбедните социјални простори што обично се збирни места за ЛГБТИ луѓето во изминатиот период беа затворени. Огромен број на ЛГБТИ луѓе се наоѓаат во своите домови, кои многу често не нудат сигурност и заштита, туку напротив во изминатиот период имаше зголемено домашно насилство, и физичко и вербално.

Со цел е да им дадеме поддршка на најранливите, да ги зајакнеме ЛГБТИ луѓето,  ЛГБТИ центарот за поддршка отвара Јавен повик за предлог проекти за зајакнување на ЛГБТИ заедницата. Повикот исто така има за цел да го одржи и самото ЛГБТИ движење разнолико, активно и видливо дури и во време глобална криза и неизвесност.

Јавниот повик е дел од Проектот за ЛГБТИ инклузија – дигитална едиција поддржан од ИЛГА-Европа, а во партнерство со ЛГБТИ Центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет..

 

Приоритети на повикот

Со цел почитување на препораките и мерките за заштита од Ковид-19, во рамки на овој Јавен повик ќе бидат поддржани исклучиво предлог проекти кои се во дигитален формат/онлајн и кои не вклучуваат физичко присуство на луѓе. Предност ќе добијат предлог проекти кои придонесуваат за:

  • зајакнување на самата заедница во време на глобалната криза од Ковид-19;
  • поттикнување соработка помеѓу поединци, организации и/или неформални групи/иницијативи;
  • иницијативи во областа на културата и уметноста кои подразбираат употреба на дигитални/онлајн платформи и алатки;
  • со цел да се активираат нови луѓе и групи, ќе поддржиме иницијативи кои се надвор од главниот град;
  • иницијативи кои ќе ја охрабрат соработката со локалните власти преку употреба на дигитални алатки;
  • иницијативи кои ги адресираат проблемите со најранливите групи од ЛГБТИ заедницата кои вклучуваат но не се ограничени на: ЛГБТИ Роми, транс луѓе, сексуални работници, ЛГБТИ жртви на насилство итн.

 

Кој може да аплицира на овој повик?

На овој повик можат да аплицираат неформални групи (кои бројат минимум 3 членови), иницијативи и/или граѓански организации на територијата на Република Северна Македонија.

 

Достапен фонд

За овој повик имаме обезбедено вкупен фонд од 4500 евра во денарска противвредност и планирано е да се поддржат 3 проекти. Вкупниот буџет на еден проект не треба да го надминува износот од 1500 евра во денарска противвредност. Сите финансиски трансакции во рамки на доделените проекти ќе бидат реализирани преку канцеларијата на Хелсиншкиот Комитет/ЛГБТИ Центарот за поддршка.

 

Времетраење на проектите

Иницијативите треба да започнат на 01.10.2020 година, а треба да траат најмногу 3 месеци.

 

Начин на аплицирање

Сите заинтересирани треба да го пратат пополнет формуларот во прилог на овој повик во електронска форма на info@lgbti.mk најдоцна до 20.09.2020 година. За сите прашања поврзани со повикот можете да не контактирате на info@lgbti.mk.

 

Инфо сесија

На 14.09.2020 во 12 часот ЛГБТИ Центарот за поддршка ќе организира кратка онлајн информативна сесија за прашања во врска со Јавниот повик, пополнување на формуларот, вклучувајќи го и буџетот. Ги молиме заинтересираните своето присуството на информативната сесија да го пријават на info@lgbti.mk не подоцна од 12.09.2020.