Еротиката на архивата: Квир феминистича методологија

Еротиката на архивата: Квир феминистича методологија

Во изминатите 40 години фотографскиот визуелен уметник, Дел Ла Грејс Волкано се потпира на она што го нарекува „квир феминистичка методологија“ што всушност претставува начин на работа кој се темели на разговори. Процес на „постојана желба“ и континуирана соработка. Оваа методологија го изложува и го настранува проблематичното насилство на конвенционалниот (хетеронормативен) фотографски однос помеѓу субјектот / објектот.

Неодамна ја примени истата методологија за заедно да создадат архива со Кристи Костело. Иако местото на желбата во архивата е опширно истражено во академската и уметничката практика, улогата на, како што ја нарекува Џоан Несл – „еротска размена“, е недоволно истражена во материјалното производство на архивата.

Во овие три видео презентации, Волкано и Костело ќе разговараат за тоа како нивната врска се карактеризира со динамика на полиморфни желби, во која фиксната академска архивата е потребно да мутира и да се трансформира. Оваа жива архива е ризомски интергенерациски дует што зборува за прашања за интимноста, сексуалноста и моќта на ранливоста.

Дел 1: Наша квир архива

Дел 2: Квир феминистичка методологија

Дел 3: Квир архива на разговори со субјектите + Прашања и одговори

ИЗВОР