Бетмен е „многу, многу геј“, вели Грент Морисон

Бетмен е „многу, многу геј“, вели Грент Морисон

Писателот на Бетмен на Ди Си комикс рече дека насловниот карактер е „многу, многу геј“, изјава што преставува дополнително гориво за оние кои имаат тенденции психоаналтички да ги читаат стриповите.

 

Грант Морисон, кој е стрип писател за Екшн комис, во интервју дадено за Плејбој магазинот зборуваше за можна геј врска помеѓу Бетмен и неговиот помошник Робин.

 

Господинот Морисон рече дека Бетмен е „хедонистички лик во смисла што тој е богат, но, исто така, и во смисла што тој е сексуално девијантен“.

 

„Хомосексуалноста е вградена во Бетмен“ – додаде тој. „Не го користам зборот „геј“ во пежоративна смисла, но Бетмен е многу, многу геј. Тоа не може да се одрече. Очигледно е дека како фиктивен карактер тој би требало да биде хетеросексуалец, но основата на целиот концепт е крајно хомосексуална“.

 

Писателот вели дека поради овој факт, тој преставува скоро универзално допадлив лик. „Мислам дека тоа е причината зошто луѓето го сакаат“ – вели тој. „Сите тие жени го сакаат и сакаат да носат фетиш облека и да скокат по покриви на згради за да го добијат. Но, на него не му е гајле, тој е повеќе заинтересиран да се дружи со стариот лик и неговиот помлад помошник“.

 

За Џокерот тој вели: „Тој преставува совршена спротивност на Бетмен, и поради тоа, тој исто така е секси како и Бетмен, ако не и повеќе. Ми се допаѓа, бидејќи е поп ѕвезда – исто како и Боуви“.

 

Преземено од http://www.pinknews.co.uk/2012/04/26/comic-strip-writer-batman-is-very-very-gay/