„Дијалози“ – првата публикација на Медуза

„Дијалози“ – првата публикација на Медуза

Рубриката „Дијалози“ на Медуза постои за да отвори простор за пласирање на локални, регионални и глобални феминистички приказни и промоција на личности кои не се срамат од тоа да кажат „Да, јас сум феминист/феминистка, еве како тоа го пренесувам преку мојата работа и приватно делување и еве зошто мислам дека сите треба да бидеме феминистки“.

Оваа рубрика влезе во дијалог со личности кои бескомпромисно се залагаат за родовата еднаквост во различни полиња на делување, а нивната уникатна перспектива ретко може да се прочита во комерцијалните медиуми. Па така, оваа публикација има за цел да ја прослави работата и борбата на феминистките и феминистите, а истовремено да го прослави фактот што Медуза активно делува во дигиталниот простор една година.

Публикацијата „Дијалози“ вклучува 14 интервјуа, а во неа се вклучени Јана Јакимовска, Румена Бужаровска, The Haus of Fauché, Рошика Део, Ивана Балабанова, Пич Прич, Лила Милиќ, Верица Недеска, Prince$$ Donatsu, Тиииит!Инк, Славчо Димитров, Кумјана Новакова, Мери Цветковска, Елена Петровска и Уранија Пировска. Интервјуата се хронолошки подредени, па така, оваа публикација служи и како своевидна архива на феминистичкото движење во текот на изминатата година.