Бездомна транс жена брутално нападната во Тирана

Бездомна транс жена брутално нападната во Тирана

На 12 ноември 2019 година, Анџела, транс-жена, која живее во Тирана, била брутално нападната од пет мажи на возраст од 20 години, додека се обидувала да најде засолниште во влезот на една зграда.

Додека седела на клупа во близина на албанскиот парламент, Анџела била удрена по грбот и претепана од мажите додека не изгубила свест. Никој не и’ се приближил за да и’ помогнe, и откако успеаla да собере сила, успеала да отиде во центарот на заедницата Алеанка во центарот на Тирана, каде што персоналот повикал полиција и брза помош.

Анџела била однесена во ургентен центар каде со помош на други активисти добила лекување, каде и дала изјава во полиција.

Според Алијансата против ЛГБТ дискриминација, Анџела честопати е напаѓана со безброј посети на полицијата и на болницата. Ова ја потенцира важноста од потреба за долгорочно и сигурно домување со цел да биде безбедна и да живее достоинствен живот.

ЛГБТИ движењето во Албанија, како и оние од Западен Балкан и Турција, се ужаснати од овој напад, дотолку повеќе затоа што Анџела беше активен дел од неодамнешната меѓународна ЛГБТИ конференција што се одржа во Тирана и затоа што беше во првиот ред активисти кои маршираа на првиот Марш на лезбејките во Тирана на 8-ми ноември.

И покрај молбите на ЛГБТИ организациите и активистите повеќе од 10 години да и’ помогнат на Анџела за проблемот со домување, како и други видови поддршка, албанските власти (централни и локални) постојано ги игнорираат ваквите барања. Како таква, Анџела е исклучително ранлива на дискриминација и насилство од странци.

Бараме албанските власти да ги пронајдат сторителите на ова грозоморно дело и да го третираат овој случај со најголема сериозност. Ова не е првпат Анџела и други членови на транс-заедницата да бидат жртви на трансфоби и хомофоби кои се чувствуваат непобедливо пред лицето на рамнодушноста на владата.

Локалните ЛГБТ организации бараат средба со градоначалникот на Тирана, Erion Veliaj, за да разговараат за конкретни мерки за да се обезбеди решавање на потребите на Анџела. Ги потсетуваме албанските власти дека правото на домување и соодветен животен стандард е основно човеково право.

Доста е доста!

Нема да запреме додека Анџела не добие правда, и тоа не само што сторителите ќе бидат ставени пред правдата, туку ќе и се даде и дом и друга поддршка што е од суштинско значење за нејзиниот опстанок и благосостојба.

#justiceforAnxhela

Извор