You Can Call Me Sir ја слават женската сексуална работа

You Can Call Me Sir ја слават женската сексуална работа

Дел од културната традиција на американскиот југ се несомнено и магијата и натприродното. Сите практичари на магија овој феномен го припишуваат на историската траума на земјата – обележана со робовски плантажи и масовната деградација на тела, која сега е преполна со мочуришта кои се доволно мрачни за да ја задржат таа историја или да ја направат невидлива. Сето тоа зависи од тоа кој гледа.

Со позадина истовремено од тоа место и од проживеаното квир искуство на Југот е електронскиот/рок колектив You Can Call Me Sir. Групата ја сочинуваат доминатриксот Cristy Michel, родена во Луизијана, со адреса во Лос Анџелес, која се одзива на Sir, и тромбонистот Matt Petty од Мемфис. Заедно, тие формираат музички мост помеѓу минатото и она што претставува денешница за нив. Нивниот деби сингл од првото EP насловено Blood Moon е “This Love Is On Fire”, кој совршено ја илустрира оваа тензија.

За видео спотот со еротски набој, кој ја имаше својата премиера на PAPER, Michel и Petty се здружија со Cassils, транс мултидисциплинарен уметник. (Видео спотот го имаше своето деби на OutFest минатиот викенд.) Главна sвезда е Mistress Sheree Rose, култна перформанс уметница, доминистракс и документаристка. Cassils, чија работа го центрира човечкото тело како медиум за социјален коментар, ја доби идејата од квир авангардниот филм од 1969 година насловен Funeral Parade of Roses, во режија на Toshio Matsumoto. Филмот е базиран на грчката трагедија на Едип – Рекс и е поставен во геј подземјето на Токио од 60-тите години. Cassils го нарекува „Warhol на крек“, влечејќи идеи од висцералниот визуелен стил на залутаните крупни кадри од врзано месо.

За наративот на “This Love Is On Fire”, сите уметници имаа за цел да ја претстават интеракцијата помеѓу фем сексуалните работнички од различни генерации. Sheree го превртува и го контролира своето тело со друго, и покрај тоа што нејзиното тело е врзано, без разлика дали со чаршафи, врски или прегратки, начинот на кој е претставено изгледа целосно ослободено од ограничувања. Телата загризуваат, притискаат, влечат и се борат во леглата од лисја и гранки кои изгледаат како остри предмети.

Не е изненадувачки што овие слики ја претставуваат тековната глобална политичка дебата околу женските тела и автономијата. Според Sir, видеото ја претставува борбата за моќ помеѓу согласноста и опресивната присила. „Ја разбирам комплексноста на болката и она што е исправно е секогаш присутно во мојот секојдневен живот“, вели таа. „Јас развив уникатно разбирање за слоевите на моќта, но на моменти е тешко да ја разберам заплетканоста“.

Sheree додава: „Мислам дека „жените“ се научени да се срамат од својата сексуалност. Ако можат да забременат, научени се да бидат внимателни и да се плашат. Бидејќи ние сме ценети само за нашата способност да бидеме корисни за мажите, мислам дека е важно да ги вратиме нашите тела и нашата сексуалност по наши услови. Ова е многу важно не само за „жените“, туку и за другите квир луѓе чија сексуалност е стигматизирана. Треба да создадеме вистинска сексуална еднаквост на ист начин на кој треба да постигнеме еднаквост во другите домени “.

Слушнете го Blood Moon подолу.