Фотографии од Leigh Bowery облечен во најсмелите дизајни

Фотографии од Leigh Bowery облечен во најсмелите дизајни

По првата средба во 1988 година во галеријата на Anthony d’Offay на Деринг Стрит, перформанс уметникот Leigh Bowery и фотографот Fergus Greer започнаа плодна шестгодишна соработка. Еден заеднички пријател, уметничкиот дилер Lorcan O’Neill, една вечер по настапот на Bowery во една галерија во Лондон предложил да направат серија на фотографии заедно. По нивната прва сесија еден месец подоцна, Bowery стапувал во контакт со Greer секогаш кога ќе добиел нова идеја за фотографирање. Добиените резултати, создадени помеѓу 1988 и 1994 година, го доловува уметникот и дизајнерот во некои од неговите најубави креации, дополнети со претерана шминка и преголеми усни.

На изложбата во галеријата на Michael Hoppen под наслов Fergus Greer: Leigh Bowery – Looks, извонредните фотографии на Greer ќе бидат прикажани во Лондон, 25 години по смртта на Bowery во 1994 година. “Leigh го донесе својот изглед и креативна визија, а јас ги донесов моите камери, осветлување и филмови, и мојот занает и креативна визија, и сето ова создаде алхемија “, изјави Greer за AnOther за нивниот уникатен процес на соработка.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Bowery е претставен во типично ексцентрично облеки – една серија на слики го претставува неговото лице целосно затворено од набрани туфни, а во друга серија шарени бои капат по неговото лице, нешто што ќе стане препознатлива естетика – по која тој беше познат на лондонската клубска сцена, и која го привлече вниманието на Boy George, Michael Clark и Lucian Freud.

Живописните портрети на Greer зборуваат за ликот на Bowery, со неговите екстравагантни дизајни кои се во центарот на вниманието. Има и прикази на неговата перформанс уметност: на една фотографија се гледа Nicola Bateman, сопругата на Bowery, врзана наопаку на неговите гради, референца за злогласната изведба во која тој “ја раѓа” на сцена со низа колбаси наместо папочна врвца. Greer, чии фотографии од Bowery исто така беа објавени во фото-книга со истото име како оваа изложба во 2002 година, не може да одебере омилена фотографија: “црно-белиот гумен аутфит, онаа со Nicola, врзана за Leigh, серијата со темно сива позадина и црвена облека, зелена облека, туфните на глава исто така … Мислам дека за секој фотограф тој беше сон за соработка и дека само некој без креативен сензибилитет не би се инспирирал од неговиот изглед “.

   

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор