ЛГБТКИ мрежите доставија извештај до Советот на Европа за заштита на човековите права во Европа

ЛГБТКИ мрежите доставија извештај до Советот на Европа за заштита на човековите права во Европа

Во 2018 година, Советот на Европа го мери напредокот на европските земји во унапредувањето на еднаквоста на ЛГБТКИ лицата. Ова е втор пат ваквиот процес да се спроведува откако беше усвоена препораката CM/Rec(2010)5 пред 8 години. Препораката утврди важни стандарди за тоа како треба да се води борбата против дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет (SOGI). Transgender Europe (TGEU) го поздравува овој втор преглед на препораките и се надева на продолжување на политичката посветеност кон еднаквост на ЛГБТКИ од Советот на Европа.

Со оглед на тоа дека препораката беше усвоена во 2010 година, во Европа има значителни придобивки кои обезбедија законски права за транс и ЛГБ луѓето. Сепак, борбата за еднаквост не е ни’ одблиску завршена. Загрижувачките реакции за културата на човековите права, зголемената реторика на омраза и прогонот во голем број држави потсетуваат дека напорите за борба против насилството и дискриминацијата врз основа на SOGIESC мора да се зајакнат.

Оваа недела ILGA-EuropeTGEU, и Organisation Intersex International (OII) Europe, доставија сеопфатен извештај до Советот на Европа. Овој извештај, Заштита на правата на ЛГБТКИ во Европа. Поднесување на вториот преглед на Препораката на Советот на Европа за мерки за борба против дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација или родов идентитет (CM/Rec(2010)5), во ко-авторство помеѓу ILGA-Europe, TGEU и OII-Europe е одобрен од Меѓународната лезбејска, геј, бисексуална, транссексуална, квир и интерсексуална младинска и студентска организација (IGLYO), Европската Лезбејска Конференција (EL*C) и Асоцијацијата на мрежа на Европски ЛГБТИК семејства (NELFA).

Извештајот е проследен со 16 самостојни извештаи за земји, кои беа подготвени од 11 ЛГБТКИ и 5 транс групи. Во периодот помеѓу март и јули 2018 година, TGEU и ILGA-Europe ги поддржаа овие групи во изготвувањето на извештаите во кои се опишани активностите на 16 држави членки на Советот на Европа (Ерменија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Естонија, Финска, БЈР Македонија, Црна Гора, Полска, Португалија, Србија, Шведска) за обезбедување на еднаквост за ЛГБТКИ.

Извештајот го мери напредокот во сите области од препораката, од правото на живот и правото на барање азил, до домувањето, здравството и спортот. Европските и меѓународните стандарди за човекови права значително се развија во изминатите осум години, а извештајот исто така ги одразува овие нови стандарди за правата на ЛГБТКИ во секоја област.

Меѓу клучните наоди во извештајот се истакнуваат законските мерки против дискриминацијата и насилството, кои постојат во огромното мнозинство од земјите членки на Советот на Европа. Имплементацијата, од друга страна, и понатаму останува недоволна, оставајќи ги ЛГБТКИ луѓето ранливи на дискриминација и злосторства од омраза. Правните мерки против насилството и дискриминацијата сè уште се најчесто инклузивни само за сексуалната ориентација. Додека родовиот идентитет е повеќе вклучен во текот на изминатите години, многу ретко се вклучуваат родовото изразување, а особено сексуалните карактеристики. Онаму каде спроведувањето е недоволно, граѓанското општество е она кое најчесто се обидува да го пополни овој јаз. Во повеќе земји НВО обезбедуваат услуги за поддршка на жртвите на омраза, собираат податоци за случаи на насилство и дискриминација и одржуваат обуки за судството, за спроведување на законот и здравствените работници.

Извор