25 Oct Human Rights Watch испрати писмо до министерот за правда Јашари
Human Rights Watch испрати писмо до министерот за правда Аднан Јашари во кое бараат да се укине на проблематичниот амандман XXXIII кој се однесува на уредувањето на бракот и различните форми на животна заедница, пренесе Нова.
Во писмото се вели: „Изразуваме длабоко разочарување што македонското законодавство сака да внесе таков амандман во Уставот, кој е против глобалниот прогрес во однос на еднаквоста на бракот, и потфрлува ефикасно да придонесе во поглед на стандардите на европските човекови права. Забележуваме дека тесната дефиниција на бракот е веќе утврдена во Законот за семејство и Законот за спречување и заштита од дискриминација“.
„Меѓународната агенција за заштита на човeковите права му забележува на министерот за правда дека досега не дал експлицитно објаснување за тоа дали двојките од ист пол ќе бидат вклучени во новиот закон и ќе ги уживаат истите права како и двојките од различен пол. Од Агенцијата сметаат дека Македонија е обврзана да обезбеди правна заштита на истполовите врски и нивните семејства, и да не се дискриминираат врз основа на сексуалната ориентација“, се вели во текстот на Нова.
„Како дел од Европската конвенција за човекови права и член на Советот на Европа, Македонија е обврзана на правилата на Европскиот суд за човекови права. Мината година, Европскиот суд за човекови права (Валианатос и други vs. Грција бр. 29381/09 и 32684/09 , пресуда 7 ноември 2013 година), забележа дека предлозите регистрирани во законодавство партнерство во Грција, кои не вклучуваа двојки од ист пол, беа дискриминаторски. Судот пресуди дека грчкото законодавство го прекршува членот 8 (семеен живот) заедно со член 14 (забрана за дискриминација) од ЕКЧП“ – се вели во писмото.
Според Нова, HRW очекува одговор од Јашари во кој ќе биде потврдено дека новиот Закон за семејство ќе ги третира истополовите и различнополовите двојки и нивните семејства подеднакво во согласност со стандардите за човекови права.
Извор: Нова