Зошто коментарите на Chimamanda Ngozi Adichie за транс жените се погрешни и опасни

Зошто коментарите на Chimamanda Ngozi Adichie за транс жените се погрешни и опасни

Chimamanda Ngozi Adichie вели дека и’ е тешко да го едначи искуството на транс жените со она на жените.”

Ако кажам дека стомакот ми се преврте додека привршував со листање низ Фејсбук една вечер, повеќе е буквално отколку метафорички. Реченицата погоре е натпис на едно видео во кое Chimamanda Ngozi Adichie вели “целиот проблем со родот во светот е во нашите искуства” притоа опишувајќи ги искуствата на транс жените како животи на мажи пред “промена” на родот — за мене ова беше разочарувачки. Погледнете овде за контекст.

Јас сум нигериско-американсака писателка и феминистка која ја почитува Chimamanda Ngozi Adichie уште откако Americanah направи да се почувствувам видлива и спокојна, повеќе од било која друга книга за тоа да се биде црна во Америка. Исто така, јас сум небинарна транс личност (група на луѓе која Adichie целосно ја игнорира во видеото) која константно гледа како светот ги третира транс луѓето, особено црните транс жени.

Тврдењето на Adichie дека транс жените некогаш ја искусиле машката привилегија, пред нивната родова “промена” и претпоставката дека ова ги дисквалификува да бидат жени без придавка ги брише нивните искуства на женскост од сите фази на животот. Дополнително, го игнорира вистинското насилство со кое тие се соочуваат (името на Chyna Gibson го споменуваме се’ уште, слики од бруталното убиство на Dandara dos Santos се распрскани по социјалните медиуми, најмалку седум обоени транс жени се убиени во САД од почетокот на 2017) и во целост ги изоставува небинарните транс луѓе од разговорот. Исто така, говори и за лицемерието на феминизмот кој исклучува трансродовост — Adichie набрзина запре еден бел маж кој се обидуваше да го дефинира расизмот прозивајќи ја “опасноста од изолирани приказни,” а сепак еве ја како раскажува изолирана (неточна) приказна за транс жените во улога на цисродова феминистка која очигледно има мало познавање за транс искуствата.

Она што разочарува повеќе од зборовите на Adichie е бројот на други цис луѓе кои се согласуваат со неа, ја бранат, или им кажуваат на транс луѓето дека не го слушнале она што тие го слушнале. Можеби ваквите цис сојузници, како Adichie, веруваат дека “да им се дозволи на трансродовите луѓе да бидат” е доволно благонаклонето да се конституира прифаќање и прогресивност, па не гледаат зло во тоа транс жените да бидат наречени привилегирани со погрешното толкување на нивниот род како мажи во општество кое цели да ги уништи врз основа на тоа што се жени. Или можеби во тишина веруваат дека родовите искуства на транс луѓето се помалку валидни од оние на цисродовите луѓе, но останале воздржани, не сакајќи да остават впечаток на нечувствителност откако се’ повеќе транс луѓе зборуваат за себе и своите искуства. Можеби ги доживуваат зборовите на Adichie како освежување — или сметаат дека конечно се појавила феминистка која го зборува она што го мислеле во тишина, која им дава глас на нивните претпоставки за она што значи да се биде транс во свет кој неуспешно го препознава постоењето на транс луѓето.

Им се обраќам на овие луѓе: вашите ставови се проклето застарени и излитени. Феминизмот кој исклучува трансродовост не е ниту нов, ниту интересен, ниту суптилен или просветлувачки само поради тоа што Adichie која обично е прецизна не успеа да препознае дека не и’ е местото да им кажува на транс жените кои се или како живеат во светот. Феминистичките движења на нашето време, низ историјата се оптоварени со есенцијализам, цис-сексизам, трансфобија и верување дека транс луѓето не се оние кои велат дека се, туку дека се оние кои се насилно приморани да бидат.

Не можете да кажете дека сте сојузник на транс луѓето ако сметате дека е во ред тоа што Adichie не ги сослуша транс жените. Не можете да тврдите дека сте пролеале солзи за убиствата на транс жени ако го браните ставот на Adichie дека транс жените всушност не се жени (да, навистина го кажа ова) бидејќи ваквиот став поддржува насилство. Не можете да зборувате за транс луѓето како да сме обичен муабет или теориски концепти и да ги игнорирате нашите зборови за нашите родови искуства и тоа да го наречете сојузништво. Транс луѓето работат, живеат и зборуваат пред вашите очи за она кои сме и што ни’ треба — престанете да се огледувате во цис феминистите кои диктираат како не’ доживувате и поддржувате.

Во кратки црти, треба да ги слушате транс луѓето повеќе од тоа да зборувате во наше име или за нас. Се’ друго е понатамошно маргинализирање на група луѓе кои не може да си дозволат да бидат повеќе маргинализирани.

Извор