Запознајте ја жената која се грижеше за стотици напуштени геј мажи кои умираат од СИДА

Во периодот меѓу 1984 и средината на 1990-тите години, пред појавата на подобрите лекови за ХИВ, Ruth Coker Burks се грижеше за стотици луѓе на умирање, многу од нив геј мажи кои биле напуштени од страна на нивните семејства. Таа самата погребала повеќе од 40 од нив, откако нивните семејства одбиле да се погрижат за нивните тела. За многу од овие луѓе, таа сега е единствената личност која ја знае локацијата на нивните гробови.

Започнала во 1984 година, во еден болнички ходник. Ruth Coker Burks имала 25 години и била млада мајка кога отишла во Универзитетската болница во Little Rock, Ark., за да му помогне на еден пријател кој имал рак. Нејзиниот пријател подлегнал на пет операции, вели Burks, така што таа поминала многу време таа година низ болниците. Таму била и дента кога забележала врата со “голема, црвена торба” над неа. Тоа била собата на еден пациент. “Гледав како медицинските сестри влечеа сламки за да одлучат кој ќе оди да го провери. Ќе речеа: “Најдобрите две од три”, а потоа ќе кажеа, ” Ајде да влечеме повторно? ”

Претпоставувала за што станува збор, иако болеста , тогаш наречена GRID – недостаток на имунитет кај геј луѓето – наместо СИДА, била во рана фаза на епидемија. Таа имала геј братучед во Хаваи и го прашала за приказните за геј чума за кои слушнала на вести. Тој и’ кажал, “Тоа се само дечките од leather сцената во Сан Франциско. Тоа не сме ние. Немој да се грижиш.” Сепак, грижејќи се за него, таа читала се’ што успеала да најде за болеста, надевајќи се дека тој е во право.

Дали поради љубопитност или – како што таа верува денес – некоја виша сила, Burks на крајот ги занемарила предупредувањата на црвената врата и се прикрала во собата. Во креветот видела окостурен млад човек, сведен на помалку од 45 килограми. И’ рекол дека сака да ја види мајка си пред да почине.

“Излегов и сестрите ме прашаа: “Не влеговте во таа соба, нели?”” Burks се сеќава. “Јас реков, “Па, да. Тој сака да ја види мајка си.” Се смееја. Ми рекоа: “Душо, мајка му нема да дојде. Тука е веќе шест недели. Никој не доаѓа. ”

Не прифаќајќи не за одговор, Burks успеала да го добие телефонскиот број на мајката на пациентот од една од сестрите и се јавила. Успеала да прозбори само за момент пред жената да ја спушти слушалката.

“Повторно се јавив,” вели Burks. “Реков, ‘Ако спуштите повторно, ќе објавам некролог за вашиот син во вашиот локален весник и ќе ја наведам причината за неговата смрт.’ Конечно го добив нејзиното внимание.”

Нејзиниот син бил грешник, жената и’ рекла на Burks. Не знаела што не е во ред со него и не и’ било гајле. Немало да дојде, бидејќи за неа тој веќе бил мртов. Рекла дека нема ниту да се погрижи за телото по неговата смрт. Ваквата клетва Burks ја слушала постојано во следната декада. Burks проценува дека работела со повеќе од 1,000 луѓе кои умираат од СИДА низ годините. Се разбира, вели таа, само неколку семејства не им свртеле грб на саканите.

Burks ја спуштила слушалката, обидувајќи се да одлучи што да му каже на човекот кој умира. “Се вратив во неговата соба,” вели таа, “и кога влегов, тој рече, ‘Мамо. Знаев дека ќе дојдеш,’ и ја подигна раката. И што требаше да направам? Му ја земав раката. Реков, ‘Тука сум душо. Тука сум.’”

Burks седнала крај неговиот кревет, му зборувала, и го држела за рака. Му го миела лицето со марамче и му зборувала дека е со него. “Останав со него 13 часа додека не го испушти последниот здив на земјава,” вели таа.

Се’ до доцните 1880-ти, предците на Burks биле погребувани на гробиштата Files, половина акр црвена земја на врвот од еден рид во Hot Springs, Ark. Кога Burks била девојче, вели таа, мајка и’ влегла во голема расправија со вујко и’. Сакајќи да се осигури дека тој и неговата гранка од семејното дрво никогаш нема да легнат во истата кал како и останатите, Burks вели, мајка и’ скришно го откупила секое гробно место на гробиштата: 262 плацови. Ги посетувале гробиштата речиси секоја недела после црва кога била мала, вели Burks, и мајка и’ честопати правела саркастични забелешки за имотот, гледајќи кон гробиштата, велејќи и’ на ќерка си, “Еден ден, се’ ова ќе биде твое.”

“Секогаш се прашував што ќе правам со гробиштата,” вели таа. “Кој да знае дека ќе дојде време кога луѓето нема да сакаат да ги закопаат своите деца?”

Гробиштата Files е местото каде Burks ја закопала пепелта на човекот кого го видела како умира, откако вториот повик кон мајка му и’ потврдил дека таа не сака ништо со него, дури ни во смрт. “Никој не го сакаше,” вели таа, “и му реков за време на оние долги 13 часа дека ќе го однесам на моите прекрасни мали гробишта, каде што се погребани моите татко, баба и дедо, и дека тие ќе го надгледуваат.”

Burks морала да побара помош од еден погребален дом во Pine Bluff, оддалечен 70 милји, за кремирањето. Тоа бил најблискиот погребален дом кој успеала да го најде, кој се нафатил да го допре телото. За кремирањето платила од својата заштеда.

Пепелта и’ била вратена во картонска кутија. Отишла кај една пријателка во Dryden Pottery во Hot Springs, која и’ дала кутија од колачи како замена за урна. Потоа отишла на гробиштата Files и ископала дупка во средината на гробот на тако и’.

“Знаев дека тато би го сакал ова кај мене,” вели таа, “и знаев дека ќе можам да го најдам ако некогаш посакав да го најдам.” Ја ставила урната во дупката и ја покрила. Се помолила над гробот и завршила.

Во следните неколку години, откако станала една од луѓето на кои им се обраќаат кога станува збор за грижа за луѓето кои умираат од СИДА, Burks погребала повеќе од 40 луѓе во кутии од колашиња на гробиштата Files. Најголемиот дел од нив биле геј мажи чии семејства не сакале ниту да се справат со пепелта.

“Ќерка ми доаѓаше со мене,” вели Burks. “Таа имаше лопата, а јас копач. Јас ја копав дупката, а таа ми помагаше. Ќе ги закопав, и правевме направи-сам погреб. Не можев да најдам поп. Никој не сакаше да зборува над нивние гробови.”

Мисли дека бројката е 43, но не е сигурна. Некаде на нејзиниот таван, во кутија, помеѓу многуте планери, кои таа ги нарекува Книги на мртви, исполнети со прегледи, пречки и лекарства на луѓе од изминатите 30 години, има и листа на имиња.

keeping-the-flame-x750.jpg

Burks секогаш правела последен обид да допре до семејствата пред да ги спушти урните во земја. “Секогаш пробував,” вели таа. “Ми спуштаа слушалка. Ме пцуеја. Се молеа како да сум ѓавол за да ме избркаат. Лудо. Бесмислено.”

После грижата за човекот на умирање во Универзитетската болница, луѓе почнале да и’ се јавуваат на Burks, барајќи помош. “Едноставно почнаа да доаѓаат,” вели таа. “Се рашири приказна дека постои луда жена во Hot Springs која не се плаши. Им велеа, ‘Оди кај неа. Не доаѓај кај мене. Еве ти име и број. Оди.’…Јас им бев засолниште. Нивните геј пријатели им беа засолниште. Нивните сопатници им беа засолниште.”

Наскоро, почнала да добива упати од руралните болници низ земјата. Финансирајќи ја својата работа преку донации и понекогаш од сопствениот џеб, таа ги носела пациентите на прегледи, им помагала да добијат помош откако ќе престанеле да бидат работоспособни, им помагала да ги примат лекарствата, и се обидувала да ги развесели кога депресијата ќе го допрела дното. Вели дека многу аптеки не прифаќале рецерпти за лекарства за СИДА како AZT, и дека постоел страв кај оние кои ќе прифателе.

Тогаш таа направила залиха која ја нарекла “подземна аптека” во својот дом. “Немав наркотички средства, но имав AZT, и имав антибиотици,” вели таа. “Луѓето умираа и ми ги оставаа лекарствата. Ги зачувував бидејќи некој друг можеби немаше да има воопшто.”

Burks вели дека финансиската помош за пациентите — од погребалните трошоци до лекарствата до кирии за оние кои не можат да работат — немало да биде возможна без поддршката од геј клубовите низ земјата, особено Discovery во Little Rock. “Ќе направеа дрег шоу во сабота навечер и имавме пари,” вели таа. “Така купувавме лекови, така плаќавме кирии. Да не беа дрег кралиците, не знам што ќе правевме.”

Приказните на Burks од тоа време граничат со кошмари, гледајќи една личност после друга како умира пред нејзините очи. Понекогаш, во првите години, одела на 3 погреби дневно, вклучувајќи ги и луѓето со кои се спријателила додека се бореле со болеста. Многу од нејзините сеќавања се имаат претопено во една ужасна сенка. Други пак, ги раскажува со перфектна јаснотија.

Тука е човекот чие семејство инсистирало да се крсти во река во Октомври, 3 дена пред да умре, за да му се измие гревот што е геј; чија мајка му притиснала лажица со овесна каша на усните, молејќи, “Јади Roger. Те молам јади, Roger. Те молам, те молам, те молам,” се’ додека Burks нежно не и’ ги земала лажицата и чинијата; кој починал со висина од 2 метри и тежина од 35 килограми; чии тетки дошле во куќата на неговите родители после погребот во пластични костими и жолти ракавици за да ги спакуваат неговите алишта и да ја изрибаат куќата, дури и вентилаторот на плафонот, со хидроген.

Таа се сеќава на непријатното чувство да седи со луѓе кои умираат додека сами си ги пополнуваат изводите од книгата на умрени, бидејќи Burks знаела дека нема да може да им се јави на семејствата за да ги добие потребните информации. “Седнувавме и пополнувавме заедно,” вели таа. “Можете ли да си замислите сами да си го пополните изводот за умрени пред да умрете? Но, ги немав информациите. Ги немав моминските презимиња на нивните мајки или ова, или она. Па ќе купев пица и јадевме додека пополнувавме.”

Billy е оној кој ја погодил најмногу и на кого најјасно се сеќава. Тој е еден од најмладите за кои се грижела, имитатор на жени во своите рани 20-ти. Бил преубав, вели таа, совршен со убава конституција. Се’ уште чува еден од неговите фустани во плакарот во својот дом во Rogers: мало, огнено-црвено дизајнерско парче, сплетено како орхидеја.

Како што се влошувало здравјето на Billy, Burks го придружувала до трговскиот центар во Little Rock за да си даде отказ во една продавница каде работел. После тоа, вели таа, тој се изнаплакал, додека Burks го држела скршениот млад човек додека минувачите се насобирале околу нив. “Плачејќи, тој се скрши сред трговскиот центар,” вели таа. “Само стоев и го држев додека не престана да липа. Луѓето гледаа и покажуваа со прст, но не можев да се замарам.”

Еднаш, неколку недели пред Billy да умре — тежел само 25 килограми, најмалку што некогаш видела, лесен како пердув, толку лесен што можела да го подигне од креветот само со подлактиците —  Burks го однела Billy на преглед во Little Rock. После тоа, се возеле наоколу без цел, обидувајќи се да му го подигне духот. Во овие денови често имала потреба да се исплаче, вели таа, но не си дозволувала. Морала да биде силна за нив.

“Беше многу депресивен. Страшно беше,” вели таа. “Возејќи се, поминавме покрај зоолошката градина, и видовме како некој јава на слон. Тој рече, ‘Знаеш, никогаш не сум јавал на слон.’ Му реков, ‘Ќе го поправиме тоа.’” Тогаш ја свртела колата. Некаде, низ кутиите кои ги чуваат сите нејзини страшни спомени, има слика од нив двајца качени на слонот, Ruth Coker Burks на високи потпетици и во фустан, Billy со блага насмевка.

Кога ќе и’ дојдело премногу, вели таа, одела на риболов. А не било се’ ужасно. Додека Burks го видела најлошото, вели таа, имала привилегија да ги види луѓето и во најдобро светло, како се грижат за своите партнери и пријатели со несебичност, with selflessness, благородност и милост. Таа вели дека затоа е толку среќна што гледа дека геј браковите се легализирани низ целата земја.

“Ги гледав овие луѓе како се грижат за своите сопатници и како ги гледаат дека умираат,” вели таа. “Ги гледав како ги придржуваат во туш-кабината. Тие ги држеа додека јас ги миев. Ги носеа назад во кревет. Ги сушевме и им стававме лосион. Го правеа тоа до самиот крај, знаејќи дека за кратко и тие ќе бидат таа личност. Па, кажете ми дека тоа не е љубов и посветеност? Не познавам многу стрејт луѓе кои би го направиле тоа.”

Ruth Coker Burks имала мозочен удар пред 5 години, прерано во живот за да не помисли дека стресот од лошите денови има врска со тоа. По ударот, морала да научи се’ одново, да зборува, да се храни, да чита и пишува. Чудо е што и самата не е закопана на гробиштата Files.

Со појавата на подобри лекови, образование, разбирање и третмани, таа се преселила во Florida на неколку години, каде работела како директор на погреби и инструктор по риболов. Со изборот за претседател на Bill Clinton, таа и’ служела на Белата куќа како консултант за образование за СИДА.

Пред неколку години, се преселила во Rogers за да биде поблиску до своите внуци. Во 2013, преговарала во име на 3 деца од дом без родители кои биле исфрлени од училиште заради сомнеш дека едно од нив е ХИВ-позитивно. Burks вели дека не и’ се верувало дека се’ уште се справува со истите затупени стравови во 21 век.

Работата која таа и други ја направија во 1980-те и 1990-те во голема мера е заборавена, делумно заради тоа што многумина од тој период се починати. Таа не е единствената која го работела ова, но е една од ретките кои се преживеани. Па така и стана чувар на споменот.

Пред да си замине, вели таа, сака да види мемориален дом подигнат на гробиштата Files. Нешто што ќе им ја раскаже приказната на луѓето. Плакета. Камен. Испис на имињата на незапаметените мртви кои лежат таму.

“Еден ден,” вели таа, “би сакала споменик кој вели: Ова се случи. Почна во 1984. Само доаѓаа и доаѓаа. И знаеа дека ќе бидат запаметени, сакани, и згрижени, и дека некој ќе каже убав збор кога ќе умрат.”

Извор

Може ќе ве интересира



Основачи

  • http://www.hops.org.mk/
  • http://www.hera.org.mk/
  • http://www.egal.org.mk/
  • http://starsexwork.org/?lang=en
  • http://www.izborsr.com/

Донатори

  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество - Македонија
  • Sexual Health and Rights & Public Health Program

Тримесечник


Доколку сакате да го добивате нашиот тримесечник, внесете ја вашата адреса тука

Top