Заедно посилни, нова организација членка на Коалицијата

Заедно посилни, нова организација членка на Коалицијата

Здружението за поддршка на луѓето кои живеат со ХИВ „Заедно послини“ е новата организација членка на Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници.

Унапредувањето на правата на луѓето кои живеат со ХИВ се заедничка цел на двете организации кои и претходно соработуваа.

Заедно посилни постојат од 2009 година како група за поддршка и автономно тело во рамките на ХЕРА, а од декември 2013 се регистрирани како самостоен правен субјект. Во здружението членуваат лица кои живеат со ХИВ и помал број нивни блиски поддржувачи, од најразлична возраст и род, сексуална ориентација, социјална и национална позадина.

Од ноември, 2015 година во рамки на Заедно посилни функционира Checkpoint Центар, односно сервис за бесплатно и доброволно советување и тестирање за ХИВ, а во соработка со ЕГАЛ и ХЕРА. Сервисот е наменет за да им се излезе во пресрет на сите кои сакаат да го дознаат својот ХИВ статус и да се грижат за своето здравје.

Во пресрет на 1ви декември, Светскиот ден на СИДА, Заедно посилни организираат добротворен настан „Погледни од моја страна“ со почеток во 20 часот во МКЦ Клуб. Средствата собрани за време на настанот ќе придонесат за одржување на редовните активности за поддршка на лица со ХИВ во неповолна социјална положба, а кои вклучуваат покривање на патни трошоци за редовно подигнување на терапијата и редовна здравствена проверка (единствено достапни во Скопје), скромна месечна поддршка во основни прехранбени и хигиенски производи, како и за итни здравствени потреби.

За повеќе информации посетете ја страницата на Заедно посилни.