ЛИЧНА КАРТА | Коалиција МАРГИНИ

ЛИЧНА КАРТА

Коалицијата Маргини е формирана во 2007 година како неформална заедничка платформа и резултат на здружените напори и заложби на неколку организации:  ХОПС-Опции здравв живот Скопје, Х.Е.Р.А, ИЗБОР-Струмица и ЕГАЛ. Од 2011 година Коалицијата е регистрирана како засебен ентитет, односно  како граѓанска организција чиишто основачи се: ХОПС-Опции здрав живот Скопје, Х.Е.Р.А, ИЗБОР-Струмица, ЕГАЛ, и СТАР-СТАР. Од 2017 година организација членка на Коалицијата е и Заедно посилни – здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ во Македонија.

ВИЗИЈА

Коалицијата Маргини се залага за свет во кој сите луѓе подеднакво и без дискриминација ги уживаат универзалните човековите права, и каде почитувањето на различностите, правото на избор и социјалната правда се основни приниципи за демократско и слободно општество.

МИСИЈА

Коалицијата Маргини се залага за заштита и почитување на основните човекови права на маргинализираните заедници, со фокус на ЛГБТИ луѓето, луѓето кои употребуваат дроги, сексуалните работници/чки, луѓето кои живеат со ХИВ и маргинализираните жени. Коалицијата делува преку застапување, истражувања и анализи, суштинско вклучување на МЗ во креирањето и имплементацијата на политиките, едукација на сите засегнати страни, промоција на културните практики на МЗ, како и вмержување и градење алијанси со граѓанското општество.

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ

  1. Унапредување на здравјето и добросостојбата на МЗ преку овозможување на достапност и подобрување на пристапот до квалитетни здравствени, социјални и правни услуги.
  2. Унапредување на човековите права и заштита од дискриминација на МЗ, преку застапување и промовирање на закони, политики и добри практики.
  3. Воспоставување на поддржувачка околина за МЗ, во која еднаквоста, слободата  и почитувањето на сексуалните различности се темелни вредности.
  4. Зајакнување на учеството и активизмот на маргинализираните заедници во борбата за остварување на сопствените права и слободи.
  5. Зајакнување на организациската ефективност и транспарентност на Коалицијата Маргини

ПОДЦЕЛИ/ЗАДАЧИ и КЛУЧНИ АКТИВНОСТИ

  1. Застапување за политики, закони и практики кои ќе овозможуваат праведен и еднаков третман за МЗ
  2. Промовирање на вклученост и целосно учество на МЗ во креирањето и имплементацијата на политиките и услугите кои влијаат на нивното здравје и права
  3. Едукација на засегнатите –МЗ, владините претставници, обезбедувачите на услуги, соработниците, и општата јавност за здравствените потреби и правата на МЗ
  4. Развивање/вклучување/поврзување во мрежи со сродни организации преку кои ќе се овозможува размена на знаења, превземаат заеднички акции и ќе се овозможува примена на добри практитки за унапредување на здравјето и правата на МЗ
  5. Развивање на стратегии за обезбедување на финансиски средства од можните донатори, владини институции и сл.
  • Кампањи за сензибилазиција на јавноста за правата на м.з.
  • Промоција на закон за антидискриминација во контекст на м.з
  • Дебати и расправи за Сексуални и Здравствени права на м.з.
  • Креирање на референтна мрежа на лекари и правници кои се сенизибилизирани во однос на м.з
  • Развој на вештини со претставници на јавни институции (во областа на здравтсвото, социјалата и сл) и државни органи (министерства, парламент, ЕЛС)
  • Покренување на судски случаи за практикување на правата на м.з. и обезбедување на правна помош
  • Лобирање за воспоставување на специализирани (бесплатни, , квалитетни, доброволни, доверливи) сервси за СРЗ во рамките на системот на здравстевна заштита
  • Воведување на предметот сексуално здравје во образованието
  • Создавање на позитивно законско опкружување за спречување на дискриминација на мз.
  • Промоција на закон за антидискриминација во контекст на м.з.ж
  • Лобирање за измени на закон за антидискриминација во контекст на м.з.
  • Лобирање во изработката на национални политики
  • Воспоставување на соработка и партнерство со Нар. Правобранител и Јавно обвинителство
  • Работа со комисиите за заштита на права на пациенти во општини
  • Документирање на случаи на прекршување на СЗП на мз и подготовка и објавување на извештаи за состојбата со СЗП на м.з.
  • Информирање на лицата од м.з. за нивни права
  • Активно вклучување на м.з, во активности на коалицијата
  • Организрање на активности за јакнење на заедница
  • Мотивирање на м.з. за пријавување/покренување на случаи
  • Организирање на активности за покренување на политичката свест на м.з.

ВРЕДНОСТИ

  • Коалицијата верува дека почитувањето на различностите и правото на избор се основни приниципи за здраво, толерантно и слободно општество
  • Коалицијата целосно ги препознава потребите и грижите на маргинализираните заедници поврзани со нивното здравје, сексуалноста и слободата на избор на живеење и навики,и се залага за остварување на овие права
  • Коалицијата верува дека целосното уживање на сексуланите и здравствените права и слободи на маргинализираните заедници може да се оствари само преку активното учество и мобилизација на припадниците на маргиналираните заедници и партнерство со сите релевантни чинитители во опшеството
  • Коалицијата е демократска мрежа на граѓански организации заснована врз принципот на еднакво, хоризонтално и колаборативно дејствување и носење на одлуки врз основа на принципи засновани на рамката на човековите права
  • Коалицијата се заложува за сеопфатно разбирање на сексуалноста кое ги вклучува емотивните, психолошките, социјалните и културните фактори при планирање и испорачување на услуги
  • Коалицијата се заложува за дејствување засновано на интегрален пристап во застапувањето на човековите права и солидаризирање со сите социјални движења за правда и еднаквост на сите луѓе без разлика на нивниот идентитет, статус, карактеристики и разлики

ЦЕЛНИ ГРУПИ

  • Општа популација
  • Донесувачи на одлуки
  • Претставници на јавни и државни инститиции на локално и централно ниво
  • Млади
  • Меѓународна заедница
  • Маргинализирани заедници

КОРИСНИЦИ

  • ЛГБТ/МСМ (Мажи кои имаат секс со Мажи)
  • Сексуални работници/чки
  • Корисници на дроги
  • Лица кои живеат со ХИВ/СИДА
  • Маргинализирани жени
  • Членови на Коалицијата

ПАРТНЕРСТВО И СОРАБОТКА

  • Министерство за здравство
  • Министерство за образование и наука
  • Министерство за труд и социјална политика
  • Министерство за правда
  • Комисии во собрание
  • Јавни институции кои обезбедубваат здравствени, социјални и правни услуги
  • Високо образовни институции
  • Електронски и печатени медиуми
  • Граѓански сектор
  • Европска комисија
  • Совет на Европа
  • Меѓународни организации и мрежи
  • Донатори

ДОЛГОРOЧНА ЦЕЛ

Обезбедување на еднаков пристап и уживање на човековите права на м.з. и подобрување на квалитетот на нивниот живот во различните сфери на опшеството

 

Извршна директорка на Коалицијата: Ирена Цветковиќ [irena.cvetkovik@gmail.com]

Координатор на Коалицијата: Славчо Димитров [slavco.coalition@gmail.com]

 

Основачи

  • http://www.hops.org.mk/
  • http://www.hera.org.mk/
  • http://www.egal.org.mk/
  • http://starsexwork.org/?lang=en
  • http://www.izborsr.com/

Донатори

  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество - Македонија
  • Sexual Health and Rights & Public Health Program

Тримесечник


Доколку сакате да го добивате нашиот тримесечник, внесете ја вашата адреса тука

Top