Уапсени стотици геј мажи во Бахреин

Уапсени стотици геј мажи во Бахреин

Минатиот четврток, околу двеста геј мажи беа уапсени во кралството Бахреин, кога полицијата спроведе рација на една приватна забава за која се препоставувало дека преставува истополова свадба.

Лицата кои се воглавно жители на Бахреин и земјите во Персискиот залив, беа уапсени под обвинение дека се “однесувале против јавниот морал”, а нивните случаи ќе ги застапува генералниот правобранител во земјата, извести Геј НЗ.

Заливскиот Дејли Њуз објави дека забавата се одржувала во сала на Хид спортс клубот Ал Рајан во близина на многу религиозна област. Некои делови од Бахреин се познати како порелаксирани по прашањата на сексуалноста.

Непосредно по апсењата, општинскиот советник Рамзи Ал Џалалиф повика на построга контрола на салите за прославување, соопшти Дејли њуз. Тој тврди дека лицата го излажале менаџерот на местото на случувањето, велејќи му дека во салата ќе се слави роденден.

“Тие треба да бидат внимателни и да ги испитаат околностите пред да се дозволат да се случуваат вакви настани и да ја уништат репутацијата на земјата”, рече Ал Џалалиф.