WOMEN’S VOICES NOW: Феминистички филмски фестивал во онлајн издание

WOMEN’S VOICES NOW: Феминистички филмски фестивал во онлајн издание

Четвртиот онлајн филмски фестивал Women’s Voices Now е најавен за овогодинешниот Ден на жената кој во целиот свет се одбележува на 8-ми март. Станува збор за фестивал кој под мотото ‘Непобедливи и незамолчени: Жени во светот’ ги слави нецензурираните и бескомпромисни гласови на феминистките и нивните сојузници од целиот свет.

На Women’s Voices Now Festival пристигнале вкупно 86 филмови од 24 земји, од кои на фестивалот ќе се прикажат 36.

На посетителите на интернет страницата на фестивалот во периодот од 3ти март до 5ти април ќе им биде овозможено потполно бесплатно да ги прегледаат сите филмови од овогодинешниот фестивал, а потоа и да гласаат за своите фаворити. За време на овој период, разновидниот панел на меѓународни судии исто така ќе ги погледне и оцени одбраните филмови, па на победничкиот филм ќе му додели награда од 10.000 долари. Победничките филмови ќе бидат објавени во средината на април.

“Преку оваа разновидна стручна обработка на одбраните филмови ќе видиме жени од сите раси и животни патишта во одбрана на своите слободи и заедници кои се загрозени со економските, социјалните, културните и политичките предизвици на човештвото во 21 век. Сведоштвото на овие приказни низ филмскиот медиум создава солидарност кон заедничките цели на женските права, кои се препознатливи на глобално ниво” изјави Heidi Basch-Harod, извршната директорка на фестивалот.

36-те филмови кои ќе бидат претставени во склоп на фестивалската програма, портретираат интимни прикази за тешките битки и победи на жените кои имаат заедничка нишка на упорност и истрајност во борбата против тешкотиите со кои се соочуваат.

“Уникатниот допринос на овој фестивал е што истовремено го слави храброто раскажување приказни преку филм и повикува на акција. Со обезбедувањето на платформа преку која женските гласови ќе може да се слушнат во сите делови на светот, се реализира активност на гледање филмови која воедно генерира емпатија. Иако фестивалот се фокусира на гласовите на жената, вклучена е и машка перспектива со цел и мажите и жените да бидат информирани за се’ што е потребно да се направи во сферата на женските права” изјави Ehab Al Shihabi, директорката на одборот на Women’s Voices Now.

Како додаток на овогодинешниот филмски фестивал, Women’s Voices Now стана своевидна база на феминистички филмови на Netflix, бесплатна онлајн архива која содржи повеќе од 200 меѓународни филмови за женски човекови права, а која им е достпана на корисниците на интернерт во целиот свет.

 

Извор