Црната феминистка која се залагаше за интерсекционалност пред терминот воопшто да постои | Коалиција МАРГИНИ

Црната феминистка која се залагаше за интерсекционалност пред терминот воопшто да постои

Во основата на повиците да им се даде приоритет на обоените жени во Женскиот марш и разговорите околу транс-инклузијата во движењето #MeToo, “интерсекционалноста” конечно стана нашироко позната како неопходна основа за вистински феминизам. Терминот, искован од страна на научничката и активистка Kimberle Crenshaw во 1980-тите, нуди рамка за размислување за механиката на раса, класа и родово базирани опресии. Crenshaw ја опишува интерсекционалноста како начин да се разбере “начинот на кој многу од нашите проблеми на социјална правда, како што се расизмот и сексизмот, се преклопуваат, создавајќи повеќе нивоа на социјална неправда”.

Но, иако Crenshaw е првата која го употребила овој термин, може да се најдат интерсекционални пристапи кон разбирање на борбата и опресијата најмалку до пред еден век . Во раните 1900-ти, црните феминистки како што се Mary Church TerrellNannie Burroughs, и Fannie Barrier Williams веќе ги подучувале луѓето за начинот на кој се испреплетуваат патријархатот, расизмот и сексизмот во Америка. Меѓу нив, исто така, е и Anna Julia Cooper, црна феминистичка основоположничка, и една од првите што официјално го воведоа концептот на интерсекционалност.

Се верува дека Cooper е родена во 1858 година во Raleigh, North Carolina, како ќерка на релативно сиромашни родители што некогаш биле робови. Од рана возраст, таа развила страст за настава и учење. Нејзината амбиција и’ го донела докторатот на Сорбона во 1925 година, како и многуте лидерски улоги во образовните институции. Како и многу жени активистки и реформаторки од 19-тиот век, таа била дел од клубското движење, и работела со други црни жени околу решавање на прашања како што се семејното насилство и образовната нееднаквост.

Со нејзината колекција есеи од 1892 година, A Voice from the South, Cooper испратила радикален повик за расно издигнување, каде во центарот биле црните жени и девојки. Таа издала “проглас за обоените девојки од Југот” во кој изјавува: “Во нив постои материјал кој е вреден за вашето време, надеж во зародиш од посветената, корисна, регенерирачка женственост на која првенствено се потпираат темелите на нашата иднина како раса”.

И покрај тоа што можеби некому му изгледа (се надеваме) очигледно денес, тврдењето на Cooper во тоа време дека пресекот на расата и родот е нешто што не треба да се занемарува, е извонредно. Таа обелодени дека црните жени имаат уникатни искуства кои се најјасно искажани преку нивните гласови и тврдеше дека расниот напредок не може да се дефинира исклучиво преку перспективите на црните мажи, ниту преку леќата на белите машки експерти.

“Само ЦРНАТА ЖЕНА може да каже ‘кога и каде влегувам, во тивкото, неприкосновено достоинство на мојата женственост, без насилство и без судење или посебно покровителство, тогаш и целата Црна раса влегува со мене”, напиша Cooper.

Cooper, исто така, ги предизвика белите феминистки да го прошират своето сфаќање за слобода преку вклучување на обоените жени и црните мажи. Таа напиша за A Voice: “Каузата на слободата не е кауза на раса или секта, партија или класа, туку е казуа на човештвотото, основното човеково право стекнато со раѓање. Освен ако не сме во голема заблуда, Реформата на денешницата, позната како Женско движење, во суштина е олицетворение на сето ова; барем нејзините пионерки да го сфатеа ова … ”

Работата на Cooper опфаќа повеќе од пет децении; таа продолжи да пишува речиси до нејзината смрт во 1964 година на возраст од 105 години. Сепак, нејзината работа не е нашироко позната – факт што зборува за начините на кои опресиите кои се преклопуваат, токму оние со кои таа се борела, најверојатно, влијаеле врз канонизацијата на нејзината работа. Научничката Shirley Moody-Turner посочува на проблематичниот отпор со кој се соочувала Cooper од афроамериканскиот социолог W.E.B. DuBois, кој редовно одбивал да ги објави нејзините дела во The Crisis, афро-американско списание чиј уредник бил тој во 1920-тите и 30-тите години.

Во последниве децении, црните феминистки и историчарки тврдат дека изоставувањето од црната интелектуална историја на жените како Cooper е резултат на расистички и сексистички ставови кои диктираат што се смета за активизам и научност. Во книгата Beyond Respectability, научничката Brittney Cooper нè поттикнува да “им пристапиме на долгите истории на производство на знаење на црните жени со ист вид доверба” ​​и внимателност како што тоа го правиме со воспоставениот канон на бели мислители како Judith Butler и Michel Foucault.

Навистина, зборовите на Anna Julia Cooper сé уште резонираат со многу разговори што се случуваат денес, почнувајќи од масовното затворање, до репродуктивната правда, до храбрите напори на црните феминистки да го свртат вниманието кон ранливоста на црните девојки. Иако Cooper никогаш не го употребила зборот “интерсекционалност”, нејзината работа го претставува духот на овој експлозивен концепт кој стана толку клучен за феминизмот денес.

Извор

Може ќе ве интересира



Основачи

  • http://www.hops.org.mk/
  • http://www.hera.org.mk/
  • http://www.egal.org.mk/
  • http://starsexwork.org/?lang=en
  • http://www.izborsr.com/

Донатори

  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество - Македонија
  • Sexual Health and Rights & Public Health Program

Тримесечник


Доколку сакате да го добивате нашиот тримесечник, внесете ја вашата адреса тука

Top