Целосен транскрипт од говорот на Angela Davis на Маршот на жените

Целосен транскрипт од говорот на Angela Davis на Маршот на жените

Активистката за граѓански права Angela Davis одржа говор на Маршот на жените во Вашингтон минатата сабота пред публика од стотици илјади кои се собраа во престолнината да протестираат против администрацијата на Трамп. Davis, позната по своите книги, меѓу кои и Women, Race, and Class, страствено повика на отпор и побара од публиката да биде повеќе милитантна во барањата за социјална правда во следните четири години од претседателството на Трамп.

Погледнете дел од говорот на Davis:
Прочитајте го транскриптот од нејзиниот говор во целост овде:

“Во предизвикувачки момент од нашата историја, ајде да се потсетиме дека ние, стотиците илјади, милиони жени, транс луѓе, мажи и млади кои сме овде на Маршот на жените, ние ги претставуваме моќните сили на промената кои се решени да ја сопрат изумирачката култура на расизам, повторното издигање на хетеро-патријархијата.

“Свесни сме дека сме колективни двигатели на историјата и свесни сме дека историјата не може да се избрише како веб страница. Знаеме дека се собравме ова попладне на домородна земја и дека ги следиме првите луѓе кои и покрај масивното геноцидно насилство, никогаш не се откажаа од борбата за земја, вода, култура, својот народ. Денес даваме посебен поздрав до Standing Rock Sioux.

“Борбата за слобода на обоените луѓе која ја оформи суштината на историјата на оваа земја не може да биде избришана ‘туку така’. Не може да не’ натераат да заборавиме дека обоените животи навистина вредат. Оваа земја се темели на ропство и колонијализам, што значи дека историјата на САД е историја на имиграција и поробување. Ширењето на ксенофобија, отфрлањето обвиненија за убиства и силувања и подигањето на ѕидови нема да ја избришат историјата.

“Ниеден човек не е илегален.

“Борбата да ја зачуваме планетата, да ги сопреме климатските промени, да загарантираме пристап до вода од земјата на Standing Rock Sioux, до Flint, Michigan, до West Bank и Gaza. Борбата да ги зачуваме нашите флора и фауна, да го зачуваме воздухот – ова е темелот на борбата за социјална правда.

“Ова е марш на жени и овој марш на жени го претставува залагањето на феминизмот против смртоносната моќ на државното насилство. Инклузивен и интерсекционален феминизам кој повикува на отпор против расизам, исламофобија, антисемитизам, мизогинија и капиталистичка експлоатација.

“Да, ја поздравуваме борбата за 15$/час. Се посветуваме на колективниот отпор. Отпор на милијардерските профитери од хипотеки и гентрификатори. Отпор на приватизаторите на јавното здравје. Отпор на нападите врз Муслиманите и имигрантите. Отпор на нападите врз луѓето со специјални потреби. Отпор на државното насилство спроведено од полицијата и преку затворскиот индустриски комплекс. Отпор на институционалното и интимно родово насилсто, особено врз обоените трансродови жени.

“Правата на жените се човекови права насекаде на планетата и затоа бараме слобода и правда за Палестина. Го славиме претстојното ослободување на Chelsea Manning. И Oscar López Rivera. Но бараме и ослободување на Leonard Peltier. Ослободете ги Mumia Abu-Jamal и Assata Shakur.

“Следните месеци и години ќе треба да ги интензивираме нашите барања за социјална правда, да станеме повеќе милитантни во нашата одбрана на ранливите заедници. Оние кои се’ уште стојат во одбрана на надмоќта на белата машка хетеро-патријархија подобро нека внимаваат.

“Следните 1,459 денови од администрацијата на Трамп ќе бидат 1,459 денови на отпор: Отпор на терен, отпор во училниците, отпор на работното место, отпор во уметноста и музиката.

“Ова е само почетокот и како што би рекла неспоредливата Ella Baker, ‘Ние, кои веруваме во слободата, нема да бидеме мирни додека не ја добиеме.’ Ви благодарам.”

Извор