Три причини зошто се игнорираат научните совети за дроги

Три причини зошто се игнорираат научните совети за дроги

David Nutt, заедно со многу други водечки научници, пред неколку години објави студија, во која се покажа дека штетите поврзани со некои легални дроги, како што се алкохолот и тутунот, драматично ги надминуваат штетите од некои нелегални дроги, како што се канабисот, екстази и ЛСД – па дури и штетите од хероин и кокаин. Се разбира, овие врвни научници беа во право, но политичарите продолжуваат да ги игнорираат научните совети, а општеството во голема мера продолжува да биде во корист на сегашните закони за дроги.

Еве три фактори кои би можеле да го објаснат овој парадокс:

1. Капитализам и класа

Noam Chomsky, американски социјален критичар и политички активист, даде интересни аргументи за да објасни како капитализмот и класата го обликуваат правниот статус на дрогите.

Канабисот, на пример, е растение кое може лесно да се одгледува во нечиј двор, па затоа не е лесно да се комерцијализира за профит. Тутунот, од друга страна, има потреба од индустриски технологии и затоа е соодветен производ за комерцијализација. Слично на ова, правењето висококвалитетни алкохолни пијалаци – добро вино или пристојно шише виски – не е толку лесно како што е растењето канабис или магични печурки во вашата градина.

 

Сепак, неодамнешното искуство на САД со легализацијата на канабис покажа дека може успешно да се комерцијализира, но да не заборавиме дека комерцијализацијата на ова растение беше еден од главните аргументи за легализирање на канабисот во многу држави во САД.

Политиките за дроги исто така може да се користат како алатка за “социјално чистење”. Владите ги забрануваат дрогите кои се поврзани со посиромашните луѓе, како што е канабисот. Ова ја исполнува заедничката цел на елитите на селективно изолирање на пониските класи. На пример, владите ги сметаат бездомниците за непожелни, па забраната на дрогите како што е канабисот обезбедува правен изговор за да се ослободат од нив.

За време на забраната за алкохол во САД во 1920-тите, владата направи исклучок за виски, поскап алкохолен пијалак, кој можеше да се купи со лекарски рецепт. Ова значеше дека оние што се сиромашни може да бидат затворени за пиење алкохол, додека елитите легално би можеле да ја добијат дрогата ако сакаат.

 

2. Недоволно разбирање на ризиците

Претерано реагираме на непосредните закани и недоволно реагираме на долгорочните опасности. Ова е добро познат феномен што го опиша психологот Daniel Gilbert од Универзитетот Харвард.

Еден човек генерално го перцепира 14%-от ризик за развој на рак на белите дробови од тутун како помал од 0,01%-та шанса за моментална смрт од предозирањето со дрога како што е екстази. Но, статистички гледано, постои илјада пати поголема шанса да умрете од употребата на тутун отколку ако земете екстази.

Оваа човечка неспособност во согледувањето на долгорочните ризици се гледа и во нашите ставови кон претстојната пропаст од климатските промени. Бидејќи најсериозните последици од глобалното затоплување се уште децении далеку, многу луѓе се апатични кон неговата закана за бришење на човечката раса. Истите луѓе претерано би реагирале од опасноста од терористички напад кој би резултирал со многу помалку жртви во споредба.

 

3. Мешање на ефектот и токсичноста

Вообичаено веруваме дека колку е поочигледен психолошкиот ефект на дрогата, толку е поголем ризикот по здравјето. Еволуицијата низ милиони години не’ научила да ги поврзуваме ненадејните и необични психолошки промени со страв. Невообичаените ментални состојби имаат еволутивна функција: тие не’ предупредуваат дека нешто не е во ред.

Ефектите од алкохолот и тутунот се многу суптилни и постепени во споредба со, на пример, ЛСД. ЛСД е едно од најбезбедните психоактивни соединенија, но ефектите се длабоки и интензивни.

Меѓутоа, тешко е да се сфати дека екстремната ментална трансформација предизвикана од ЛСД е независна од нејзиниот ефект врз вашето здравје. Тоа е затоа што промената што ја создава е директен резултат на безбедното модифицирање во нивоата на невротрансмитерите во мозокот, а не на индиректна промена која треба да нè алармира од физиолошки дефект.

Се разбира, општествените ставови за теми како дрогите се исклучително сложени и никогаш не може да бидат сведени на ограничен број на резони. Горенаведеното е шпекулација, но свесноста за некои од причините што влијаат врз нашите општествени ставови кон психоактивните дроги, се надеваме дека ќе ни’ помогнат да се бориме за рационални и помалку штетни политики и закони за дроги.

 

Извор